• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ја гледам и плачам, сè уште не ми се верува што сум создала“: Милена Косиќ за првите денови со ќерката Кира

18 април 2026, 20:15
  • cподели
Милена Косиќ Стојанова со ќеркичката Кира

Милена Косиќ Стојанова е една од најбараните „make up“ артистки во Скопје, препознатлива по префинетиот стил, топлиот пристап и позитивната енергија со која лесно ги освојува клиентите. И додека преку својата професија секојдневно создава убавина за другите, вистинската магија за неа се случи неодамна на приватен план. Со раѓањето на ќерката Кира, Милена и нејзиниот сопруг Јован го започнаа најемотивното поглавје наречено родителство.

Уште во првите моменти како мајка, талентираната шминкерка искрено признава дека многу од познатите фрази кои често се слушаат за породувањето навистина се покажуваат како вистинити. „Дефинитивно многу клишеа се реални… Почнувајќи од: 'Кога ќе ти ја стават на гради, забораваш на болката…'“ - вели таа.

Сепак, патот до оваа среќа не бил едноставен. Искуството со претходен абортус оставило длабока емоционална трага, па бременоста по тој тежок период за неа била еден од најистоштувачките тестови.

„Загубата ја процесирав дури кога повторно забременив – претходно како да бев во ‘survival mode’“ – открива Милена, додавајќи дека токму тоа ја научило на трпение, сила и верба какви што претходно не познавала.

За породувањето, првите денови од мајчинството, но и за професијата која со години е нераскинлив дел од нејзиниот живот, Косиќ отворено зборува во интервју за Фемина, а ексклузивно споделува и фотографии од првата професионална фотосесија на преслатката Кира.

Милена Косиќ Стојанова со ќерката Кира
Ќерката на Милена Косиќ Стојанова
Милена, неодамна стана мајка. Какво е чувството сега кога конечно ја држиш твојата ќерка во раце и што прво ти помина низ глава кога за прв пат ја виде?

Кога ја видов, првата мисла ми беше: „Совршена е“

Така е, помина краток период, a како да поминаа само неколку часа. Искрено, ја гледам и плачам, бидејќи сè уште не ми се верува што сум создала. Првата мисла кога ја видов беше: „Совршена е.“

Важеше за „бремена шминкерка“ со неверојатна енергија, те гледавме со четките во рака до последен момент. Како ти помина бременоста и од каде ја црпеше таа сила да работиш со полна пареа до самиот крај?

Искрено, мислам дека ако требаше свесно да „црпам“ сила, веројатно немаше да работам толку. Кај мене работите се случуваат поинаку – имам една внатрешна потера да креирам. Тоа ме движеше цело време.

Ќерката на Милена Косиќ Стојанова
Породувањето е приказна за себе за секоја жена. Дали имаше некои стравови, како помина овој чин кај тебе и дали сè помина според планот?

Породувањето беше најболното, но истовремено и најволшебното искуство

Страв немав, бидејќи мислам дека бев една од најнеинформираните трудници. Не сакав да слушам премногу детали, искуства слушав само од луѓе за кои знаев дека ќе филтрираат информации.
Ова беше најболното, но истовремено и најволшебното искуство што сум го имала досега. Немав план, само верував на тимот и на тоа дека на крајот ќе бидеме добро. Не сакав да си направам „породилен план”, па подоцна да се разочарам. На крајот се породив спонтано, што потајно и беше мојата желба.

Ќерката на Милена Косиќ Стојанова
Ќерката на Милена Косиќ Стојанова
Како падна одлуката за името на малата принцеза? Дали беше „љубов на прв слух“ или имавте долги преговори со сопругот?

Требаше малку да ми „легне” името, повеќе беше желба на сопругот. Сега одлично ми звучи.

Првите денови дома се секогаш мешавина од емоции и нов ритам. Како се снаоѓаш со новите обврски – доењето, менувањето пелени, капењето... ти доаѓа ли природно и што најтешко ти паѓа?

Отсекогаш сум велела дека не сум архетип на жена која се гледала во улогата на мајка, но гледано од оваа точка, се прашувам што ли сум правела досега. Грижата околу неа и домот ми е приоритет и главна окупација во моментот. Единственото нешто што ми е предизвик е готвењето покрај новороденче (што искрено ми беше предизвик и без новороденче 😂).

Ќерката на Милена Косиќ Стојанова
Ќерката на Милена Косиќ Стојанова
Мајчинството го менува погледот на светот. Што се промени кај тебе како личност во првите денови откако си мајка?

Постпартумот знае да биде навистина брутален период

Нешто што сфатив досега е дека дефинитивно ќе бидам подобра пријателка на моите идни пријателки кои ќе стануваат мајки. Постпартумот знае да биде навистина брутален период.

Колку сопругот е вклучен во новата динамика? Дали веќе е „профи“ во повивање, менување пелени или сè уште ја има онаа почетничка трема?

Ги делиме обврските што можат да се поделат. Сè уште не е, но има време, верувам дека ќе стане „профи” во догледно време.

Ќерката на Милена Косиќ Стојанова
Имаш ли помош од „баба-сервис“ или со сопругот решивте сами да го поминете овој прв период на адаптација?

Во првите неколку дена имав поддршка, важно да имаш жена на која ѝ веруваш покрај себе.

Вашето куче е рамноправен член на семејството. Како изгледаше нивната прва средба и каков е твојот став за растењето на бебето заедно со домашен миленик?

Растењето со миленик го учи детето на емпатија, грижа и нежност уште од најрана возраст

Барни сè уште е малку збунет и веројатно не му е сосема јасно што се случува. На првата средба, фокусот му беше повеќе на мене отколку на бебето, но сега веќе гледам дека почнува да станува љубопитен. Верувам дека растењето со миленик може да биде прекрасно искуство за едно дете - учи на емпатија, грижа и нежност уште од најрана возраст.

Ќерката на Милена Косиќ Стојанова
Која твоја особина би сакала да ја наследи твојата ќерка и зошто?

Би сакала да ја наследи чесноста, транспарентноста и инаетот.

Иако е многу рано, ти веќе имаш одредена агенда за делумно враќање на работа ова лето. Како планираш да го балансираш мајчинството со твојата креативна професија?

Се надевам дека сè ќе оди по план. Токму затоа првиот бран на работа е многу лимитиран, за да можеме сите заедно постепено да се адаптираме на новиот ритам, без да биде премногу напорно.

Ќерката на Милена Косиќ Стојанова
Ќерката на Милена Косиќ Стојанова

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk
 

Tags
Милена Косиќ Стојанова

Најнови

  • Милена Косиќ Стојанова со ќеркичката Кира

    „Ја гледам и плачам, сè уште не ми се верува што сум создала“: Милена Косиќ за првите денови со ќерката Кира

    Sat, 04/18/2026 - 20:15
  • Бекам

    „Единствена“: Дејвид Бекам со стари фотографии и љубовна порака ѝ го честиташе роденденот на Викторија

    Fri, 04/17/2026 - 22:57
  • Кам маркети

    КАМ по трет пат е прогласен за Работодавач на годината во категоријата маркети

    Fri, 04/17/2026 - 20:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.