Ѕвезда со големо срце: Јаков Јозиновиќ изненади мала обожавателка со спинална мускулна атрофија, средбата топи срца
Вистинските ѕвезди пленат со талент, но и со хуманоста и големото срце.
Популарниот пејач Јаков Јозиновиќ издвои време за да ѝ ја исполни големата желба на неговата мала и храбра обожавателка Лорена, која има спинална мускулна атрофија.
Видеото од нивната средба топи срца и никого не остава рамнодушен. Лорена не ја криеше среќата што конечно го запозна својот омилен пејач, а Јаков покажа зошто публиката толку многу го сака.
„Денес го запознавме омилениот пејач на Лорена — Јаков Јозиновиќ 🫶. Ѝ благодариме на нашата драга пријателка Ивана Јербиќ што ѝ ја исполни големата желба на Лорена. А Јаков... толку наш, толку драг, толку свој 😍.
„и благодариме, драг Јакове, што дојде кај нас, што одвои од твоето време (кое и онака ти недостига) и што ја запозна твојата нова мала пријателка Лорена ❤️“ - стои во емотивната објава.