• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ивана Трамп, првата сопруга на Доналд Трамп, пронајдена мртва на 73-годишна возраст

15 јули 2022, 07:51
  • cподели

Ивана Трамп издиша за последен пат на 73-годишна возраст.

Првата сопруга на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Њујорк. Според извештаите, таа паднала по скали, но официјалната причина за смртта треба да биде допрва соопштена.

Ивана Трамп Ивана Трамп Ивана Трамп

„Ова е многу тажен ден, многу тажен ден“ – рече нејзиниот син Ерик додека го напушташе домот на Ивана.

Последните денови Ивана ги поминала во планирање на нејзиниот одмор во Сен Тропе и тој ден имала закажано термин во фризерски салон кој го пропуштила.

Доналд преку социјалните мрежи ја сподели тажната вест со сите свои следбеници.

„Со голема тага ве информирам сите кои ја сакавте, а такви има многу, дека Ивана Трамп почина во нејзиниот дом во Њујорк. Таа беше прекрасна, убава и неверојатна жена, која имаше инспиративен живот. Нејзината гордост и радост беа нејзините деца... Многу се гордееше со нив, а и тие со неа. Почивај во мир, Ивана“ – напиша тој.

Парот стапи во брак во 1977 година, а се разведе во 1992 година. Имаа три деца заедно – Доналд Џуниор, Иванка и Ерик.

Ивана Трамп Ивана Трамп Ивана Трамп

Ивана порасна во поранешната Чехословачка. Нејзините таленти за скијање ѝ носат можности да патува низ Европа и така го запознава својот прв сопруг со кого стапува во брак и се преселува во Канада. Пред да го запознае Доналд во 1976 година, Ивана работи како ски инструкторка во Канада, а потоа започнува да чекори во светот на модата.

Ивана Трамп Ивана Трамп Ивана Трамп Ивана Трамп Ивана Трамп

Тие се запознаваат додека таа како модел снима фотосесија во Њујорк во 1976 година, а девет месеци подоцна, го кажуваат судбоносното „да“. Ивана помага во дизајнирањето на познатата кула „Трамп“ и во менаџирањето на хотелот „Плаза“.

Ивана Трамп Ивана Трамп Ивана Трамп Ивана Трамп Ивана Трамп Ивана Трамп

Како обожавателка на модата и дизајнер на накит, низ децениите присуствува на многу модни ревии и гламурозни настани.

Ивана Трамп Ивана Трамп Ивана Трамп Ивана Трамп Ивана Трамп
Tags
Ивана Трамп
Доналд Трамп

Најнови

  • Тропски рај: Џанлука Ваки и Шерон Фонсека го покажаа новиот луксузен дом во Мајами

    Thu, 04/09/2026 - 10:46
  • Отец Бобан

    „Да избираме живот наместо очај, љубов наместо омраза, прошка наместо осуда“: Отец Бобан за големиот празник Велигден

    Thu, 04/09/2026 - 10:13
  • „Тоше“: Јаков Јозиновиќ ја посети Спомен куќата на Тоше Проески кого го гледа како идол и чии песни ги пее на концертите

    Thu, 04/09/2026 - 09:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.