Американски истражувачи откриле дека ресвератролот (супстанција што ја има во грозјето и црвеното вино) го спречува оштетувањето на крвните садови во очите коешто настанува поради староста.
Еден од најдобрите совети е почесто да се смеете, дури и кога не чувствувате среќа, затоа што за кратко време насмевката ќе повлијае на вашите емоции и ќе се почувствувате посреќни. Истражување спроведено од њујоршки психолози покажало дека смеењето ја зголемува среќата.
Најголем дел од луѓето во светот уживаат кога се на одмор, но работливите Јапонци повеќе уживаат додека се на работното место. Јапонците не само што добиваат најмалку слободни денови во текот на годината (16,5), туку и најмалку ги искористуваат.
Ако поседувате автомобил во црна боја, бидете внимателни. Истражувачите процениле дека црните автомобили стануваат дел од сообраќајни несреќи за 47% почесто, отколку белите.
Скоро 90% од младите луѓе во Европа и Америка користат МP3 плеер неколку часа дневно и тоа на максимално пуштен глас. Ново истражување потврди дека само еден час слушање музика на слушалки дневно е доволен за да дојде до оштетување на слухот.
Експеримент спроведен од француски психолози покажал дека жените се посклони да му го дадат својот телефонски број на маж ако претходно слушале љубовни песни.
Резултатите од истражување кое опфаќало 34 514 учесници покажале дека умерената консумација на чај и кафе го намалува ризикот од срцев удар за една петтина.
Мајчинската грижа е бесценета и незаменлива. Но, ако се пресмета паричната вредност на сите услуги што мајката му ги пружи на своето дете бесплатно до неговата 18-та година, тогаш вкупната сума ќе биде 1,7 милиони евра (во Велика Британија).
За многу жени, идеалниот маж има сини или зелени очи. Но, за еден маж да изгледа подоминантно, истражувањата покажаа дека тој треба да има кафеави очи.
Европско истражување откри дека кај пушачите кои имаат во себе поголемо количество на витамин Б6 и на амино-киселината метионин, ризикот за појава на рак на белите дробови е 60% помал.
Шведско истражување покажало дека жените што пијат варено кафе повеќе од 4 пати дневно се изложени на помал ризик од појава на рак на дојка, во споредба со жените што пијат варено кафе поретко од еднаш дневно.
Најновите истражувања покажаа дека девојчињата влегуваат во пубертет пред да наполнат 10 години! Тој податок е загрижувачки, затоа што раниот пубертет го зголемува ризикот за појава на рак на дојка и срцеви заболувања.