• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Искористете го продолжениот викенд, дојдете во Скопје сити мол на шопинг, ве очекуваат попусти и до 70 отсто

18 јануари 2018, 16:25
  • cподели

Од 19 јануари па сè додека има залихи, Скопје сити мол ја организира шопинг манијата наречена Last Minute Sale. Облека, накит, обувки, спортска опрема, модни додатоци, бела техника, со еден збор сè што сте посакувале да го имате и е дел од актуелните колекции, ќе можете да го добиете по намалена цена, со попусти до дури 70%. Со оглед дека почетокот на акцијата се поклопува со продолжениот празничен викенд, тоа дава можност деновите да бидат искористени најубаво – во шопинг. Но не обичен, туку таков каде поради големите попусти, со ист буџет ќе може да дојдете не до едно, туку до неколку парчиња облека или други производи. А нема поубаво чувство од тоа да се купи нешто што се посакува, што веќе подолго време е на листата на желби, што ќе ни го разубави денот и што нè прави среќни. И тоа по неверојатно ниски цени поради што на пример, наместо едно или две, ќе можете да купите четири или пет парчиња квалитетна облека од актуелните колекции.

Скопје сити мол

„Водејќи се по пазарните правила според кои најголемите попусти во најреномираните трговски центри насекаде во светот се на крајот на јануари и почетокот на февруари, Скопје сити мол веќе неколку години, во координација со закупците, во овој период ги промовира последните намалувања на цените од последната колекција. Акции со големи попусти се нешто што се организира два пати во текот на годината, а Last Minute Sale претставува акција со која се заокружува сезоната која изминува и на посетителите им се овозможува по неверојатни цени да дојдат до посакуваното парче облека, чевли, моден додаток или друг производ“, вели Дарко Панчевски, од маркетинг секторот на Скопје сити мол.

Во текот на шопинг еуфоријата која ќе трае се додека има залихи, односно до нивна распродажба, попусти и до 70 отсто посетителите ги очекуваат во речиси сите продавници на големиот трговски центар. New Yorker, LC Waikiki, Fashion & Friends, Tom Tailor, ALDO и многу други познати брендови кои имаат продажни места во Скопје сити мол, на посетителите ќе им овозможат да одберат некој производ и да ја дополнат својата гардероба бидејќи убаво парче облека, чевли или додатоци никогаш не се отповеќе. И тоа не било какви производи, туку брендови чиј квалитет гарантира дека не само оваа, туку и следните сезони ќе бидете убаво облечени.

Last Minute Sale едноставно е одлична можност за сите, што не треба да се пропушти. Без разлика дали сте млади или повозрасни, Скопје сити мол со својата големина и бројот на продавници е место каде секој може да најде по нешто што му е потребно. А кој би одолеал ако тоа може да се купи на попуст и тоа до 70 отсто.

Tags
Скопје Сити Мол
Skopje City Mall

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.