Ирина Шајк, Џиџи Хадид, Синди Крафорд, Емили Ратајковски... Славните модели на долгоочекуваната ревија на Ријана
Ријана приготви моден спектакл во Лос Анџелес на кој ги прикажа најновите модели од нејзината колекција Savage X Fenty.
Во третото продолжение кое синоќа се прикажуваше на Amazon Prime Video, Ријана вклучи топ модели како Ирина Шајк, Џоан Смолс, Беати Принсло, Џиџи Хадид, Емили Ратајковски и Синди Крафорд. Славните манекенки дефилираа на пистата облечени во долна облека. Шоуто воопшто не разочара и беше инклузивно и разнообразно.
И самата 33-годишната дизајнерка се вклучи во шоуто во кое моделите носеа смели и секси креации и модни додатоци.