• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Интимното здравје не треба да биде табу тема“

30 март 2024, 12:30
  • cподели

Зошто молчиме, како да се охрабриме и како да си го подобриме сите интимното здравје. Врвни стручњаци, гинеколози, психолози, новинари, медиумски личности отворено дебатираа на оваа тема на првиот Форум за женско здравје, во организација на Дерма Бела. Плодни дискусии, импресивни разговори, одлични совети.

Форум за женско здравје

„Гинеколозите ја имаат клучната улога во медицината. Тие треба отворено да зборуваат со пациентите за интимното здравје”, порачаа докторите од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Ги повикаа жените од сите возрасти, особено оние кои се во најзрелите години и кои заслужуваат квалитетен живот да се грижат за себе и да не се срамат да зборуваат за табуата за интимното здравје.

„Жените живеат премногу во тишина, не споделувајќи ги проблемите со својот гинеколог. Статистиките покажуваат дека само 20% од гинеколозите се интересираат за интимното здравје на своите пациентки”, рекоа универзитетските професорки.

Форум за женско здравје Форум за женско здравје

Големо влијание имаат и креаторите на јавното мислење. Медиумите треба да информираат и да овозможат соодветен простор за овие теми кои нè засегаат сите.

„Секоја жена заслужува да се чувствува среќна. Интимното здравје има влијание и врз самодовербата, а женското здравје е предуслов за среќни приказни. Да ја подигнеме свеста и да останеме здрави и убави”, порака од медиумските личности кои беа дел од овој Форум.

Форум за женско здравје

Естетската и регенеративната гинекологија е ново поле кое брзо се здобива со популарност во развиените и земјите во развој. Кај нас очигледно треба да се разбијат стереотипите. Важно е да се промени пристапот кон пациентките на редовните прегледи и отворено да се зборува на темата интимно здравје.

Најнови

  • Вера Мештеровиќ на Златна бубамара

    Вера Мештеровиќ во гламурозна креација на „Златна бубамара“

    Fri, 02/27/2026 - 14:35
  • Вечен шармер: Владо Јаневски се закити со статуетка на „Златна бубамара“

    Fri, 02/27/2026 - 13:17
  • Калиопи и Слаткар на Златна бубамара

    Награди и инспиративна енергија: Калиопи и Слаткар освојуваа на „Златна бубамара“

    Fri, 02/27/2026 - 13:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.