• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Интервју со д-р Владимир Трајковски: Од 20 до 25-тата година е пикот на можноста да се забремени, потоа опаѓа

19 април 2024, 07:11
  • cподели

Во светски рамки, па и кај нас, се зголемува возраста на која жените стануваат мајки. Но, како што старееме, така се намалуваат шансите за зачнување.

За поврзаноста на возраста и забременувањето, како и за решенијата кога пречка за потомство се годините, повеќе информации споделува д-р Владимир Трајковски, специјалист акушер, гинеколог и ИВФ специјалист во Њуборн Клиника.

Д-р Трајковски

Kолку годините кај жената влијаат на можноста за забременување? Дали постои некоја старосна граница?

Д-р Трајковски: Репродуктивно доба е често користен термин за обележување на периодот во кој жената е репродуктивно способна. Значи годините најмногу влијаат на способноста да се забремени.

Колку што жената е поблизу до оној временски период по првото менструално крварење до воспоставување на редовниот месечен циклус означен со плодните денови, т.е. овулацијата, толку е поголема веројатноста да забремени. Крајот на репродуктивното доба го означува последното менструално крварење т.н. менопауза. Веројатноста да се забремени опаѓа поблизу до менопаузата заради исцрпените резерви на јајниците и квалитетот на јајните клетки.

Од 20 до 25-тата година е пикот на можноста да се забремени. Потоа на секои 5 години опаѓа и тоа сè побрзо по 35-тата, а особено по 40-тата година од животот.

Кои испитувања се прават за да се одреди оваријалната резерва?

Д-р Трајковски: Оваријалната резерва, односно капацитет, е одредена уште на раѓањето на женското дете со бројот на фоликулите односно јајните клетки, а потоа сукцесивно опаѓа, особено по почетокот на редовните менструални циклуси. Затоа најнапред се прави УЗ преглед во деновите на крварење, кога се мобилизира капацитетот на јајниците и се пребројуваат фоликулите. Во истите денови се прави хормонски статус. Во зависност од резултатите и наодот од УЗ се прави оценка на резервата. Доколку тие говорат за намалена резерва, може да се изведе и анализа од крвта по прашање на вредноста на антимилеровиот хормон.

Д-р Трајковски

Кои се ризиците кај бременост во подоцнежните години?

Д-р Трајковски: Бременоста освен физиолошка може да биде и патолошка. Втората може да се пројави и кај исклучително млади трудници. Во бременостите во подоцнежна возраст може да се надгради на веќе постоечките морбидни состојби кои се резултат на наследниот фактор или новостекнати во актуелниот живот. Се разбира и стареењето на органските системи, особено на кардиоваскуларниот и исцрпувањето на ендокриниот систем, имаат значајно влијание на комплицирање на бременоста. Сето ова значи почест и подетален мониторинг на бременоста кај трудниците по 35-тата година, како на здравјето на трудницата така и на плодот.

Какво решение нудите доколку причината за инфертилитет е возраста? Што може жената да направи во ваков случај?

Д-р Трајковски: На сцена е модерно доба кога можностите кои ги нудат развиените заедници доведуваат до појава на сè постари парови кои стануваат родители како и повозрасни мајки, поради одложување на родителство од страна и на машкиот и женскиот партнер, а особено женскиот. И во тој поглед, современата медицина нуди можност за зачувување, т.е. замрзнување на јајните клетки кај жените кои сè уште не се одлучиле за бременост, а кај кои годините ближат кон критичната возраст (40). Наредна можност кај намалената оваријална резерва на база на возраста е колекционирањето, односно сукцесивни процедури со најмала употреба на медикаменти за добивање на ембриони во последователни циклуси и нивно замрзнување со цел за подоцнежен трансфер и обезбедување на прифатлива „резерва“. Се користи и постапката на т.н. „подмладување“ - рејувенација на јајниците.

Крајна инстанца во решавање на проблемот на годините и можноста да се забремени кога јајниците се исцрпени, е купување на јајни клетки од банките или обезбедување на сопствен донор.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.