• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Интервју со д-р Михаил Таушанов: „100-те работни часа неделно се поднослива жртва за секој еден спасен живот“

1 ноември 2024, 12:07
  • cподели

Што значи да се биде неврохирург во нашата држава? Дали има можност за професионален напредок за специјалистите во оваа област? Какви се условите за работа во Клиниката Жан Митрев?

Д-р Михаил Таушанов, специјалист по неврохирургија во Клиника Жан Митрев, го споделува своето искуство.

д-р Михаил Таушанов

Што ве мотивираше да се насочите кон неврохирургија како специјалност?

Д-р Таушанов: Секогаш имав интерес како функционираат луѓето и долго време сметав дека психијатрија ќе е мојата специјалност. Во 5-та година, за време на медицинските студии, имав можност да асиситарaм на неврохирургија и одблиску да го видам мозокот и изучената неуроанатомија во пракса. Тогаш се појави желбата да помагам на пациенти со отстранување на патолошки супстрат кој им го нарушува секојдневниот живот.

Што ве привлече да работите токму во Клиника Жан Митрев и како оваа клиника влијае на вашето професионално развивање?

Д-р Таушанов: Шансата да работам во реномирана медицинска установа и можностите да се биде дел од тим во чие знаење во континуитет се инвестира.

Дали во Клиника Жан Митрев има програми за менторирање и обука за младите доктори и какви се твоите можности за континуирана едукација и професионален развој во рамките на клиниката?

Д-р Таушанов: Kлиниката Жан Митрев работи по највисоки стандарди и нуди постојана доедукација и усовршување на неврохирушките способности, нудејќи можност да се работи и учи од најдобрите специјалисти по неврохирургијата во Европа. Со формирањето на новиот неврохируршки оддел, соработките со реномирани имиња од оваа област, јас како носител на дејноста, гледам огромен потенцијал за иден личен развој, но и развој на самата медицинска гранка во земјава, која ќе ја оствари крајната цел да се понудат врвни решенија за пациентите.

д-р Михаил Таушанов

Како ја оценувате опременоста и технологијата во Клиника Жан Митрев во однос на неврохируршки интервенции и дали има некои специфични процедури или методи кои се користат во Жан Митрев, а не се чести во другите болници?

Д-р Таушанов: Болницата е опремена со најсоверемена технологија и се стреми секогаш да обезбеди опрема која ќе овозможи најдобри резултати за пациентите. Во моментот започнуваме со оперативни интервенции и очекувам во брзо време да воведеме оперативни интервенции со модерни техники по кои би биле препознатливи.

Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат младите лекари во Македонија, особено во специјалностите како неврохирургија?

Д-р Таушанов: Големите обврски за време на специјализацијата, многубројните работни часови и изнаоѓање време за учење. Истовремено менаџирањето на приватниот и семејниот живот.
Ако одвојувам најтешки беа работните часови, кои често пати беа повеќе од 100 часа неделно, но тоа е поднослива жртва за секој еден спасен живот.

д-р Михаил Таушанов

Дали постојат доволно можности за професионален развој и напредок во земјата, или сметаш дека повеќето млади доктори се принудени да бараат работа во странство?

Д-р Таушанов: Има доволно можности за професионален развој и напредок во земјава. Колегите кои одат во странство и имаат можност да учат од врвни специјалисти и потоа се враќаат со цел да го унапредат нашето здравство се позитивен пример – Доц. д-р Жан Митрев е еден од нив.

Медицина

Д-р Михаил Таушанов, специјалист по неврохирургија „Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.