• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Инспиративната „Пепелашка“, Марија Савеска, поддржана во кампањата „Вложуваме во млади таленти“

16 ноември 2022, 12:48
  • cподели

Младата и талентирана Марија Савеска, која ја толкуваше главната улога во првата танцова инклузивна претстава на Балканот – „Пепелашка“, е втората инспиративна млада личност која е поддржана во рамки на кампањата за општествена одговорност „Вложуваме во млади таленти“, поддржана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија.

Дваесетгодишната Марија Савеска која живее со церебрална парализа претставува симбол за инклузија на младите лица со попреченост, бидејќи нејзината состојба не ја спречува да го живее својот сон и активно да се занимава со музика и танц.

Марија Савеска

„Енергијата и љубовта кои Марија ги негува кон уметноста, нејзината упорност и смелост храбро да чекори во животот и да ги поттикне останатите лица со попреченост да го живеат животот, без граници, беа клучни фактори што нè поттикнаа оваа млада девојка да биде поддржана во нашата кампања која ги идентификува и ги поддржува младите таленти од областа на спортот, уметноста и науката. За Марија обезбедивме финансиска поддршка за посета на часови по музика кај Андријана Јаневска и учество и посета на концерти во странство каде може да биде претставен нејзиниот талент“ – потенцираше Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Марија Савеска

Марија вели дека откако знае за себе поседува огромна љубов кон музиката и танцот. Таа повеќе од пет години е дел од танцовoто студио „Еурека“, каде што била првиот член во инклузивната група која сега прерасна во успешна група на лица со попреченост што се закити и со наградата Златна бубамара на популарноста, токму за првата инклузивна претстава „Пепелашка“ во која Марија ја толкува главната улога.

Марија Савеска

„Откако знам за себе ги сакам музиката и танцот, тие се мојата слобода, мојот идентитет. Посебно уживав во претставата „Пепелешка“, бидејќи имав можност на сцената да откријам еден поинаков свет и да го претставам својот талент. Многу сум задоволна што мојот талент беше препознаен и поддржан во кампањата „Вложуваме во млади таленти“, затоа што верувам дека поддршката што ја добив ќе ми овозможи да се надградувам во полето кое најмногу го сакам, а тоа е уметноста“ - вели Марија.

Марија Савеска

Преку кампањата „Вложуваме во млади таленти“ AСОМ како општествено одговорен субјект обезбедува поттик и поддршка за развој на младите таленти од областа на спортот, уметноста и науката, со што дава значителен придонес за заедницата во целина.

Комерцијален текст

Tags
Марија Савеска

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.