• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Инспирација од Токио: Што ја прави уникатноста толку привлечна?

28 ноември 2024, 13:58
  • cподели

Невозможно е да му одолеете на шармот на индивидуалноста. Невидлива магнетска сила константно нè влече кон сè што е поразлично од наметнатите стандарди и кон лицата кои се доволно смели да ги скршат спрегите на конформизмот.

Во време во кое глобалните трендови резултираат со монотони, хомогени стилови, сè поатрактивна е јапонската модна сцена, каде индивидуалноста не само што е топло прифатена, туку е и јадрото на сè што значи стилско изразување и начин на живот.

Од улиците на Токио кои се пример за диверзитет и слобода за стилски експерименти до пистите на дизајнери кои ги величат софистицираниот минимализам и ексцентричноста, Јапонија е неисцрпен извор на лекции. Негувајќи ја културата на самоизразување, младите лица гледаат на облеката како простор за креирање на сопствена уникатна приказна која е рефлексија на нивните видувања, а не само на интернационалните трендови. Со фузирање на влијанија од различни супкултури и ери и инкорпорирање на технолошки напредни аксесоари, жителите во урбаниот џин Токио успеваат да постигнат визуелно стимулативна модна какафонија.

Хараџуку

Само еден поглед на Хараџуку е доволен за да ја увидите убавината на неповторливоста. Со блендирање на елементи од каваи, готик, панк, бохо и сл., тука може да се видат од авангардни до ултра бајковити аутфити. Ниту еден минувач не е идентичен со друг, но сите нив ги поврзува посветеноста на ситниците и копнежот да се истакнат. Посебен акцент е ставен на персонализираните детали како личен печат на секоја комбинација.

До одреден аспект, таа уникатност и исклучителната внимателност при изборот на детали е отсликана во лимитираната едиција IQOS ILUMA x Steve Aoki 10 year edition која пристигнува во Македонија. Лансирана по повод 10-годишнината на IQOS, новата едиција ги носи вибрациите типични за журките на прославениот диџеј Стив Аоки и со впечатливи бои ја збогатува јубилејната прослава.

„Долго време работев со дизајнерите за да направиме да се чувствувате како да сте на шоу на Стив Аоки“ – изјавил за соработката со IQOS славниот диџеј со потекло од „земјата на изгрејсонцето“.

IQOS

Трите верзии имаат моќен визуелен идентитет, а нивните чисти линии и интуитивната функционалност се во синергија со естетиката фокусирана на едноставност и зачинета со идеални дози ефектни компоненти.

Сега, сите полнолетни пушачи кои ја избираат подобрата алтернатива без чад имаат шанса да бидат „предвесник“ на новиот бран од естетски атрактивни уреди. А за првите кои ќе ја искористат можноста за пред-нарачка на IQOS ILUMA x Steve Aoki 10 year edition следува и подарок – премиум платнен несесер со потпис на Стив Аоки. Дознајте повеќе за актуелната понуда на официјалната страница на IQOS.

IQOS

Овој производ не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни.

Промо.текст: mk.iqos.com

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.