• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Influencer Awards 2024: Нова категорија за најдобар брк, поддржана од dm

4 декември 2024, 14:08
  • cподели

Со присуство на бројни познати инфлуенсери, во атмосфера исполнета со забавa, музика и позитивна енергија, на 3 декември, во Ragusa 360 Rooftop, се одржаа Influencer awards, организирани од „Убавина и здравје“.

Во рамките на настанот, dm со гордост поддржа нова категорија за номинации: Најдобар брк. Оваа категорија беше создадена со цел да се подигне свеста за машкото здравје и важноста на редовните прегледи и самопрегледи. Со оваа иницијатива, dm ги поттикна мажите да се грижат за своето здравје и да не заборават дека превенцијата е половина здравје.

Influencer awards

„Оваа вечер не беше само прослава на инфлуенсерите, туку и важен поттик за сите присутни да размислат за своето здравје. Ова е една од многуте иницијативи кои низа години наназад ги посветуваме за подигнување на свеста за машкото здравје. А, сега сме особено среќни што успеавме да покажеме дека забавата и свеста за здравјето можат да одат рака под рака.“ – Изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.

На големо изненадување, во категоријата „Најдобар брк“, беа избрани два победници - Ѓорѓи Алексовски и Боро Секуловски (познат како Боро КОСА), кои со своите стилски бркови ја освоија публиката. Наградите им беа врачени од д-р специјалист уролог Мaja Софрониевска Главинов, која со својата стручност и шарм ја направи моментот уште поинспиративен.

Influencer awards

„Им давам совет и на тие што имаат, но и на оние кои немаат брк – најмалку еднаш во годината да посетат уролог затоа што тоа не е страшно и срамно. Раното откривање на болестите, води до загарантирано излекување“, порача д-р Маја.

Influencer awards Influencer awards

Со многу смеа, музика и позитивна атмосфера, Influencer Awards 2024 стана незаборавен настан, кој остави траен печат. Нека оваа иницијатива биде поттик за сите нас да се грижиме за своето здравје и да ги славиме нашите уникатности!

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.