• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Името ѝ е совршено“: Ѕвездата од „Twilight“ Тејлор Лотнер со сопругата Тејлор добија ќерка чие средно име е Тејлор

24 септември 2026, 09:17
  • cподели

Актерот Тејлор Лотнер и неговата сопруга Тејлор (Теј) Лотнер станаа родители.

34-годишната ѕвезда од „Twilight“ со истоимената избраничка ја споделија среќната вест на социјалните мрежи, откривајќи дека нивната ќерка се вика Ленон Тејлор Лотнер, а е родена на 16 септември.

„Една недела ја сакаме нашата слатка мала Лени“ – напишаа новите родители покрај фотографијата од бебето.

Особено внимание привлече средното име на девојчето – Тејлор, кое го носат и татко ѝ и мајка ѝ. 

„Името ѝ е совршено 😍“, „Толку ми е мило што го задржавте Тејлор во името – едноставно моравте 😂❤️“, „Многу ми се допаѓа што навистина го ставивте Тејлор во нејзиното име. Премногу добра можност за да ја пропуштите 😂“, „Тројца Тејлор Лотнер би биле премногу моќни 😂“ – се само дел од коментарите на Instagram.

Уште кога ја објавија веста за бременоста во март, актерот се пошегува со заедничкото име.

„Што е подобро од двајца Тејлор Лотнер?“ – напиша тогаш тој, објавувајќи фотографија на која ја бакнува сопругата на стомачето.

Тејлор и Теј се запознале преку неговата сестра и започнале да се состануваат во 2018 година. Три години подоцна се верија, а во ноември 2022 година стапија во брак на романтична церемонија во Калифорнија.

По свадбата, Теј го додаде презимето Лотнер, со што и двајцата носат исто име.

Tags
Тејлор Лотнер
Теј Лотнер

Најнови

  • „Името ѝ е совршено“: Ѕвездата од „Twilight“ Тејлор Лотнер со сопругата Тејлор добија ќерка чие средно име е Тејлор

    Thu, 09/24/2026 - 09:17
  • Маја Вукичевиќ горда мајка покрај синот Горазд на неговото магистрирање во Сиднеј

    Thu, 09/24/2026 - 08:35
  • Пумпа за измолзување наместо чантичка на Еми: „Не победивме, но не добивме маститис!“

    Wed, 09/23/2026 - 21:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.