• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Имав канцер на дојка на 32 години“ Адвокатката Наташа Трпеноска Тренчевска со важна порака до жените

26 ноември 2026, 12:25
  • cподели

По веста за смртта на нејзина другарка, која ја загубила битката со ракот на дојка, адвокатката Наташа Трпеноска Тренчевска одлучи за првпат јавно да проговори за своето искуство со оваа болест.

Во 2000 година, кога имала само 32 години, на почетокот на кариерата, бракот и мајчинството, ѝ бил дијагностициран рак. Следувале две сериозни операции, хемотерапија, зрачење и уште една операција, а сето тоа се одвивало во три земји, Словенија, Австрија и Македонија.

Иако патот бил исклучително тежок, Наташа денес ја издвојува раната дијагноза како одлучувачки фактор во нејзината приказна. Со својата објава, таа испрати важна порака до сите жени: да не ги одложуваат прегледите и да не ја занемаруваат можноста за навремено лекување.

„Ракот на дојка се лекува, само треба навремени прегледи и активности за лекување“ - порачува таа.

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

Денес почина моја средношколска другарка од канцер на дојка.

Немојте да ми земате за зло што го пишувам ова.

Имам право да напишам, затоа што јас го поминав тој пат.

Не споменувам имиња; овој пост се однесува на сите жени!

Првпат пишувам за мојата здравствена состојба.

И сè уште имам дилеми дали да пишувам или не.

Решив, сепак да пишувам:

Бидејки, можеби ќе помогне некому.

Јас имав дијагноза за канцер на дојка на мои 32 години. Тоа беше 2000 година.

Тогаш бев на почеток на мојата кариера, брак, дете.....

Поминав две сериозни операции, хемотерамија, зрачење, уште една операција ...

Двете оперции беа во Љубљана, зрачењето и третата операција во Виена, хемото во Скопје.

Не беше лесно.

Далеку од лесно.

По нашата прослава од 15 години од матура за Јосип Броз Тито Гимназија, во Аполон,  утредента отидов да примам хемо-терапија.

Но!

Што беше одлучувачки фактор на она што го поминав!

Навремена дијагностика!

Сакам да пратам порака на сите жени;

Канцерот на дојка се лекува; само треба навремени прегледи и активности за лечење.

Немојте да дозволите она што може да се излечи, особено по толку години напредок на медицината,сега да го занемарите.

Чувајте се.

Спокој на починатата!

Tags
рак на дојка
Наташа Трпеноска Тренчевска

Најнови

  • „Имав канцер на дојка на 32 години“ Адвокатката Наташа Трпеноска Тренчевска со важна порака до жените

    Thu, 11/26/2026 - 12:25
  • „Не сум пријателка со предавници“: Џоан Смолс проговори за љубовната драма со Кендис Сванапул и Том Брејди

    Thu, 11/26/2026 - 11:13
  • Србинка истрча полумаратон само еден месец по раѓањето на синчето со царски рез

    Thu, 11/26/2026 - 11:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.