„Имаше три годинки и ме викаше ‘Тита’. Денес е една од најубавите жени во Македонија“: Моника Црнокрак со Игор Џамбазов 24 години подоцна
Времето лета, но спомените остануваат.
Моника Црнокрак сподели интересен момент кога како мало девојче, пред точно 24 години, позирала со нашиот легендарен шоумен Игор Џамбазов. Нивната средба доби своја реприза денес, а фотографиите „пред и потоа“ евоцираа спомени и кај двајцата.
„‘Само’ 24 год. пред и потоа... Титаааааааа“, напиша Моника во описот на колажот од двете фотографии.
На нејзината објава, со коментар веднаш возврати и Игор:
„Имаше три годинки, и ме викаше "Тита", што и да и значеше тоа. Денес е една од најубавите жени во Македонија. Светле и Мики, да бидете горди на неа 😍“