• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Имаше тела насекаде околу мене“: Британец во шок откако ја преживеа авионската несреќа во која загинаа 241 лице

13 јуни 2025, 10:09
  • cподели

Само едно лице преживеа во авионската несреќа на Air India која се случи вчера во Индија.

Вишваш Кумар Рамеш, вели дека нема никаква претстава како успеал да ја преживее катастрофата во која животот го загубија 241 лице. Британскиот државјанин бил во шок откако успеал на нозе да го напушти местото на несреќата.

„Не знам како преживеав“ – рекол тој по несреќата.

Вишваш Кумар Рамеш

Вишваш, кој живее во Лондон со сопругата и ќерката, раскажал дека бил исфрлен пред авионот да падне и да експлодира. На докторите им рекол дека секунди по полетувањето, авионот започнал да паѓа и се разделил на половина, исфрлајќи го пред да експлодира.

Вишваш Кумар Рамеш Вишваш Кумар Рамеш

„Триесет секунди по полетувањето, имаше силна бучава и одеднаш авионот се сруши. Се случи многу брзо. Кога станав, имаше мртви тела насекаде околу мене. Бев преплашен. Станав и трчав. Имаше парчиња од авионот насекаде околу мене. Некој ме зграпчи, ме стави во амбулантно возило и ме донесе во болница“ – рекол Рамеш.

Вишваш Кумар Рамеш Вишваш Кумар Рамеш

По лекарските прегледи, докторите констатирале дека преживеаниот има повреди по телото, но е надвор од животна опасност.

Интернетот е преполн со пораки полни со сочувство за роднините на жртвите, а името на Рамеш стана симбол на чудесно спасување.

Вишваш Кумар Рамеш Вишваш Кумар Рамеш

Најнови

  • Џенифер Лопез ги истакна облините во проѕирен фустан откако откри како ја одржува совршената форма на 57 години

    Sun, 11/22/2026 - 19:00
  • Обожавателка на Тоше Проески пресреќна што доби винил-плоча од неговото семејство, а го чува и пенкалото со кое ѝ дал автограм

    Sun, 11/22/2026 - 14:13
  • Во елегантна венчаница, со солзи во очите: Првите свадбени фотографии на Мајли Сајрус и Макс Морандо

    Sun, 11/22/2026 - 13:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.