• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Имам инсулинска резистенција, пијам таблети три пати дневно“: Јелена Розга отворено за проблемите со здравјето

3 јули 2026, 10:52
  • cподели
Јелена Розга

Јелена Розга никогаш не криела дека со години живее со Хашимото, автоимуно заболување на тироидната жлезда. Сега, покрај оваа дијагноза, хрватската пејачка откри дека се соочува и со инсулинска резистенција, поради која секојдневно прима терапија и мора строго да внимава на исхраната.

Во интервју за српскиот „Ин Магазин“ за време на нејзиниот настап на фестивалот „Мелодија Јадрана“ во Сплит, Розга искрено раскажа како изгледа нејзиното секојдневие и колку е предизвикувачки да се одржи здравствената состојба додека постојано настапува и патува.

„Ме ставија на терапија. Имам инсулинска резистенција и тој шеќер 'ми лудува', односно ми се случува на сцената воопшто да го немам, и слабост, и тогаш морам нешто слатко да се напијам. Морам да јадам многу оброци, нутриционистката ми направи правилни оброци, морам да јадам пет пати дневно. Да, тоа е онака малку, со оглед на мојата работа и патувања, малку е тешко и напорно, но јас навистина се трудам. Таблети пијам три пати дневно“ - изјави популарната пејачка.

И покрај здравствените предизвици, Розга не запира со професионалните обврски. Пред само два дена таа ја објави својата најнова песна „Љуби ме“.

Tags
Јелена Розга

Најнови

  • Анѓелка Прпиќ уживаше во магијата на Дизниленд со сопругот Марко и синот

    Fri, 07/03/2026 - 10:55
  • Јелена Розга

    „Имам инсулинска резистенција, пијам таблети три пати дневно“: Јелена Розга отворено за проблемите со здравјето

    Fri, 07/03/2026 - 10:52
  • Шеф Никола сподели слатки фотографии од петтиот роденден на ќеркичката Калиа

    Fri, 07/03/2026 - 10:28
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.