• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Игор Џамбазов возврати на навреди упатени до Илина Арсова: „Идиоте еден, од каде знаеш ти каква мака има? Можеби не може да има деца“

19 мај 2026, 09:40
  • cподели

Игор Џамбазов отворено проговори за навредите и осудите со кои се соочуваат луѓето кои немаат деца, застанувајќи во одбрана на својата поранешна партнерка Илина Арсова.

Во искрено интервју со Марио Арангеловски, македонскиот шоумен откри дека бил погоден од коментарите упатени кон Арсова на социјалните мрежи и нагласи дека никој не знае низ какви лични битки и болки поминува една личност.

„Ретка жена, интелектуалка. Ем уметник, ем активист, а таквите најмногу им пречат на луѓето. Баш сега пред некој ден видов на некој портал нејзина објава за тоа како ја тролаат по фејсбуци. Па срам да ти е да прочиташ. Се срамам од сопствениот народ. Викам добро бе, може ли да сум толку малер со вакви луѓе да дишам ист воздух?“

„Да навредуваш жена на 40 и кусур години што нема деца и да ја навредуваш заради тоа што нема деца. Па идиоте еден, од каде знаеш ти каква мака има тој човек што го осудуваш? Можеби не може да има деца, од каде знаете вие?“ – вели Џамбазов во видеото.

62-годишниот актер и пејач сподели и лични искуства, зборувајќи за притисокот од околината, непријатните ситуации со кои се соочил, но и за моментот кога направил спермограм додека бил во врска со Илина.

Тој раскажа момент кога и самиот бил осудуван од повозрасен пар во Дојран, затоа што нема деца и чува куче.

„Во Дојран во куќата, Ферхунде си е на терасата и ако поминат кучиња си лае кучево нели, ама и луѓе ако поминат што не ги познава. И нешто интензивно си лае и јас излегувам, што е бе злато и доаѓам до неа, еден постар брачен пар, маж и жена. И како излегувам, жената кога ме виде само ги крена рацете со насмевка, а мажот рече: Што е бе тоа кучето бе? Со кучиња ли живееш бе? Камо деца бе да правиш ти?“

„Го гледам тука во дворот, му велам не ти го разбрав муабетот. Сега да се расправам со него?  Каква е таа храброст? Прво од каде знаеш бе, можеби не можам да имам деца. Можеби сум неплоден, можеби сум стерилен. Од каде знаеш ти? Каква е таа храброст? Тоа е бедно, подло. Тоа е истото како да му кажеш на човек: Еве ти од рак си се разболел, нормален си ти?“ – раскажа Игор.

Џамбазов сподели и дека верува дека дете се прави само од љубов.

„Имам непристојни понуди од жени познати кои сакаат да родат мое дете. Им викам: Благодарам што така, но дете се прави од љубов, а не од математика. Денес е барем лесно, можеш и да не се видиш со жената и да има твое дете. Одиш во банка на сперма, ја проверуваат твојата сперма.“

Потоа откри дека додека се состануваше со Илина Арсова имал момент кога направил спермограм.

„Јас во време на Илина ја проверував мојата сперма. Докторот во Струмица ми рече терај ти работат тие опавчињата, уште мрдаат“ – откри Игор, а потоа раскажа и смешна случка за околностите под кои го направил тестирањето.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mario Arangelovski (@mario_arangelovski)

Погледнете го видеото од интервјуто:

Tags
Игор Џамбазов

Најнови

  • „Без моето убиено дете немам роденден, јас сум жив мртовец“: Потресна објава на мајката на Ивона која загина во „Пулс“

    Tue, 05/19/2026 - 10:44
  • Игор Џамбазов возврати на навреди упатени до Илина Арсова: „Идиоте еден, од каде знаеш ти каква мака има? Можеби не може да има деца“

    Tue, 05/19/2026 - 09:40
  • Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит дипломираше, се откажа од презимето на татко ѝ

    Tue, 05/19/2026 - 09:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.