• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Иднина која инспирира“: dm ќе поддржи најмалку три проекти, а пријавувањето трае до 31 јули

21 јули 2026, 14:32
  • cподели
Иднина која инспирира

Секоја позитивна промена започнува со идеја и со луѓе кои веруваат дека можат да направат разлика во заедницата. Токму затоа dm, преку платформата „Иднина која инспирира“, ги повикува здруженијата, организациите, институциите, училиштата и единиците на локалната самоуправа да ги пријават своите проекти и да добијат поддршка за нивна реализација. Конкурсот е отворен до 31 јули, а најмалку три проекти ќе добијат поддршка од dm за да станат реалност.

„Иднина која инспирира“ е создадена со верување дека иднината не е нешто што пасивно го чекаме, туку нешто што заедно го создаваме. Затоа, целта на платформата е да ги препознае и поддржи иницијативите што можат да придонесат за подобар квалитет на живот, поздрава животна средина и посилни локални заедници, охрабрувајќи ги луѓето активно да се вклучат во промените што сакаат да ги видат околу себе.

Во рамките на конкурсот, dm ќе поддржи најмалку три проекти, по еден во секоја од трите области - заштита на животната средина, унапредување на меѓучовечките односи и поттикнување на развој и напредок (особено во областите на социјална еднаквост и рамноправност, интеграција и инклузија и образование). Наместо однапред определен износ, поддршката ќе биде приспособена на реалните потреби на секој избран проект - преку производи, материјали, услуги, опрема или друга форма на поддршка што ќе помогне идејата успешно да се реализира.

Право на учество имаат регистрирани здруженија, невладини организации, установи, училишта и единици на локалната самоуправа со седиште во нашата земја. Организациите можат да пријават до три различни проекти, а за секој од нив се пополнува посебна онлајн апликација. Во неа потребно е да се претстави идејата, нејзините цели, активностите, очекуваните резултати и волонтерската компонента, која е задолжителен дел од секој проект. Преку апликацијата се доставуваат и проектен план, буџет и останатата потребна документација. Повеќе информации може да најдете на следниот линк.

Иднина која инспирира

При изборот, во преден план нема да биде големината на организацијата, туку потенцијалот на проектот да создаде трајна и позитивна промена. Ќе се оценуваат идеите што нудат конкретни решенија за потребите на заедницата, имаат јасно дефинирани цели и можат да остават долгорочно влијание. Пријавите ќе ги оценува комисија составена од претставници на dm и надворешни експерти, согласно критериумите наведени во правилата и условите.

Сите заинтересирани организации кои имаат идеја што може да придонесе за поздрава, поодржлива и посолидарна заедница можат да аплицираат до 31 јули преку платформата „Иднина која инспирира“ и да ѝ дадат можност на својата иницијатива да стане следната позитивна промена што ќе инспирира и други.
 

Tags
dm
Иднина која инспирира

Најнови

  • Ги загуби двата сина, сопругот, братот и мајката во само 7 години: Трагичната приказна на индиската претседателка Друпади Мурму која е во посета на Македонија

    Tue, 07/21/2026 - 15:15
  • Иднина која инспирира

    „Иднина која инспирира“: dm ќе поддржи најмалку три проекти, а пријавувањето трае до 31 јули

    Tue, 07/21/2026 - 14:32
  • Авантура во Шпанија: Катарина Ивановска згодна во бикини на Ибица

    Tue, 07/21/2026 - 13:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.