• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

И градинките во Битола добија прочистувачи за воздух преку иницијативата покрената од Бимилк

25 јануари 2018, 10:51
  • cподели

Компаниите „Бимилк“, „Кромберг и Шуберт“ и „Синпекс“ ѝ донираа прочистувачи за воздух на Општина Битола, наменети за градските градинки

На иницијатива на Битолска млекара, а во соработка со компаниите „Кромберг и Шуберт“ и „Синпекс“, вчера беше реализирана донација од вкупно 14 прочистувачи за воздух со врвен квалитет, наменети за градинките „Естреја Овадија ‒ Мара“ и „Мајски Цвет“ со сите свои клонови.

Првичната донација се однесува на занималните каде што се сместени јаслите, а таа се реализираше во градинката „Пролет“, каде што присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска, која од името на Општината и градинките симболично ја прими донацијата.

Донација

„Во услови кога постои висок степен на загаденост на воздухот во Битола и препорака, особено за децата, да престојуваат во затворени простории со прочистен воздух, оваа донација е навистина добредојдена и од голема важност, со цел да се намали нивната изложеност на отровните честички. Компаниите што се донатори ја утврдија ваквата потреба и овој позитивен пример треба да служи како поттик и за другите компании да бидат општествено одговорни и дејствуваат во насока на подобрување на квалитетот на живот на најмалите“, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

Од „Бимилк“ велат дека крајната цел е да се обезбедат прочистувачи за сите објекти и занимални каде што престојуваат децата од овие две градинки, а донации веќе остварија и компаниите „Кромберг и Шуберт“ и „Синпекс“. Истовремено, таа иницијатива беше покрената и од д-р Петра Поп Ристова, еколог и родител на дете што престојува во една од градинките. Донација

„Инспирирани од проектот на Ротари Клуб ’Камен Мост‘ Скопје, ’Чист воздух за најмладите‘, одлучивме и ние да спроведеме една слична иницијатива за дечињата од Битола, особено што Бимилк како компанија, во секоја смисла на зборот, го има детското здравје во својот главен фокус. Искрено, се надевам дека и другите компании ќе се вклучат во акцијата, со цел полесно и побргу да се обезбедат сите потребни прочистувачи и со тоа заеднички придонесеме за подобро здравје и секојдневие на децата“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

„На наше големо задоволство, се вклучивме во оваа акција затоа што сме свесни дека на тој начин вистински се спротивставуваме на сè поактуелниот проблем со загадувањето на воздухот, а со тоа придонесуваме и за контрола на степенот на присуство на честичките „PM 2.5“ во просториите каде што престојуваат нашите деца“, изјавија од „Кромберг и Шуберт“.

„Токму големите компании се оние што можат и треба да ја покажат својата корпоративна одговорност на дело и да направат чекор повеќе кон подобрување на условите, особено кога станува збор за најмалите. Опремувањето на овие 14 занимални се надевам дека е само почеток, и во следниот период и другите компании сериозно ќе размислат за приклучување кон иницијативата“, рече Христина Фуна од „Синпекс“.

Донација

„Како засегнат родител, сметам дека е од исклучителна важност на децата да им се обезбедат услови за подобро здравје и, воопшто, подобро функционирање во текот на нивниот ден. Поттикната од сè побројните апели децата да не бидат изложени на штетните честички од воздухот, првенствено се обратив во Општина Битола и навистина сум пресреќна што се најдоа компании што го делат моето мислење и што излегоа во пресрет за обезбедување на овие прочистувачи“, изјави д-р Петра Поп Ристова.

Донација

Оваа донација од 14 прочистувачи за воздух е всушност првата фаза од опремување на занималните на битолските градинки, но донаторите најавуваат и скоро продолжување на проектот.

Инаку, градинките „Естреја Овадија ‒ Мара“ и „Мајски Цвет“ располагаат со вкупно 16 објекти во кои се лоцирани 67 занимални за дневен престој на децата, со вкупна површина од околу 9.000 м2. Со цел покривање на сета функционална површина, неопходна е дополнителна набавка на прочистувачи за воздух, па компаниите што се донатори, како и Општина Битола, упатуваат апел и до другите компании да ја покажат својата хуманост и да придонесат за подобро здравје на сите деца.

Донација
Tags
Бимилк

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.