Христина Пан сподели забавни фотографии од роденденот на близначките Тара и Хана во Барби стил
Христина и Петар Младенов им организираа роденденска забава на нивните близначки Тара и Хана.
Познатата македонска блогерка и нејзиниот сопруг ги израдуваа своите ќеркички со прослава во Барби стил.
„Happy 4th Birthday, my Barbie girls!“ – напиша Христина.
Секој роденден на близначките за родителите е навистина значаен и бесценет, особено откако малата Тара две години се бореше со рак. Минатата година, таа заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје, со што ја означи својата победа над опаката болест.
Христина и Петар имаат уште една ќерка, Калија.
Во интервју за Фемина, Христина зборуваше за болеста на Тара и сподели дека сега е пресреќна што таа не се сеќава на ништо од лекувањето и што е многу позитивна и весела.
Без да е свесна низ што поминала, фала му на Господ што не се сеќава на ништо од таму, денес е пресреќно дете што и тоа како му се радува на животот. Има страшна емпатија кон сите, шири позитивна енергија и нема некој лично што ја запознал, а да не падне на нејзиниот шарм и позитивна енергија.