• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Херојски потег: Младиот Аце со трактор го пресекуваше патот на пожарот во битолско

14 август 2026, 23:02
  • cподели
Пожар

Вчера во Македонија дивееја повеќе од 40 пожари, од кои најтешката ситуација беше во пелагонскиот регион каде беа загрозени повеќе населени села како Ивањавци, Лознени и Новоселани.

Стојанче Ангелов во официјалното соопштение изјави дека огнот бил на само 50 метри над куќите и било навистина застрашувачки.

Пожарот го гаселе локалните пожарникари од Битола, Пинцорите на Дирекцијата за заштита и спасување, како и локалното население и луѓе од доброволното друштво „Архангел“ од Битола.

„Особено сакам да истакнам еден локален жител, храбар тракторист од село Ивањевци, Аце. Голема благодарност до Аце, бидејќи со неговиот огромен трактор направи херојско дело, орајќи директно низ пожарната линија и гасејќи голем дел од пожарната линија која што загрозуваше еден дел од селото Лознани. Битката беше многу тешка, но затоа апелирам повторно до граѓаните да бидат многу внимателни“ - истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

На социјалните мрежи се редат само зборови за пофалба за младиот тракторист, чие име е Александар Чепиговски.

Пожарот е ставен под контрола, а од населението кое најпожртвувано се борело да ги спаси своите куќи, има и едно повредено лице со изгореници на дланките и моментално е во болница.
 

Најнови

  • Втората дама на САД за малку ќе паднеше со бебенцето, критики за реакцијата на офицерите до неа

    Tue, 10/06/2026 - 13:57
  • Моментот кога научник им кажува на трите деца дека доби Нобелова награда, нивната реакција стана хит

    Tue, 10/06/2026 - 13:49
  • Колекција на Ели Сааб

    Романтика на гола кожа: Ели Сааб со сензуална колекција инспирирана од Стариот Холивуд

    Tue, 10/06/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.