• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Хероите на нашето време се обични луѓе“: Учителката од „Пречко“ имала 31 убод и спасила најмалку 10 ученици

23 декември 2024, 09:50
  • cподели

Пред неколку дена, Загреб и целиот наш регион беше потресен од нападот во основното училиште „Пречко“ од страна на 19-годишно момче. Во трагичниот настан почина 7-годишно дете, а повредени беа уште неколку лица.

Една од нив беше 62-годишна учителка, која се жртвувала себеси за да ги спаси своите ученици. Таа примила 31 убод од нож, но за среќа, сега е надвор животна опасност.

Potresne poruke iz Prečkog, jedna se posebno istaknula: 'Dragi, ne mogu vjerovati' - https://t.co/w2rxqr8qaK pic.twitter.com/qcJqjYPhkZ

— Zagrebinfo (@zagreb_info) December 21, 2024

Текст на Бојан Ѓеровски за нејзиното херојско дело го обиколи интернетот:

Наставничката од Загреб, на 62 годишна возраст веројатно е народен херој на Балканот за оваа 2024 година.

Таа со своето тело се испречила пред напаѓачот заштитувајќи и веројатно спасувајќи од смрт уште многу деца.

Таа претрпела 31 убодна рана од нож во своето тело и со својот херојски чин (како последица на тоа што била образувана во еден друг систем) дала доволно време на безбедносните служби да реагираат и спасила многу детски животи и соништа кои и понатаму ќе можи да се остваруваат.

Според пишувањата на хрватските медиуми нејзината состојба се подобрува и веројатно ќе биди испратена во пензија онака како што доликува, со аплаузи.

Исто така, нејзиниот чин на саможртва, да се ризикува својот живот за да се спасат други животи претставува неверојатна човечка величина и храброст која ја немаат сите.

Нејзиниот чин во Хрватска се оценува како високо државнички потег за кој не постои соодветна награда или признание коe можи да биди доделено, а да не е малку.

За ова, овие денови малку се зборува и пишува, затоа што нашето време денес го трошиме на некои други работи кои се побитни, како giveaway (или како и да се пиши), тик ток предизвици и останати трендови.

Хероите на нашето време се секогаш обични луѓе, оние кои имаат малку повеќе храброст од останатите во големиот просек.

Djelatnici OŠ Prečko objavili pismo, izaziva suze: 'Nikada nećemo prestati vjerovati u ljubav' - https://t.co/ArKXjD4zZc pic.twitter.com/OKX2Q4A4uL

— Zagrebinfo (@zagreb_info) December 22, 2024

Учителката неколку дена беше во критична состојба. Многумина се едногласни дека таа треба да добие орден за храброст.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.