• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Хејли Бибер во креација со 24-каратно злато која асоцира на фамозниот фустан на Каролина Гочева на Евровизија

5 мај 2026, 12:58
  • cподели

Овогодишната МЕТ гала ги спои модата и уметноста, а резултатот беа впечатливите стајлинзи во кои славните личности блескаа пред музејот „Метрополитен“ во Њујорк.

На најгламурозниот настан во светот на модата, Хејли Бибер се појави во впечатлива креација на Сен Лоран, која беше комбинација од корсет направен од 24-каратно злато со елегантно сино здолниште.

Изгледот совршено го следеше дрес-кодот „Fashion is Art“, претворајќи ја сопругата на Џастин Бибер во вистинска „златна божица“ на црвениот тепих.

Но, за публиката од Балканот, овој стајлинг имаше и дополнителна доза на носталгија.

Многумина веднаш направија споредба со легендарниот сценски изглед на Каролина Гочева на Евровизија 2002 година. Македонската музичка ѕвезда носеше златен корсет во комбинација со впечатливо црвено здолниште.

Креацијата инспирирана од боите на Македонија, која ја симболизираше силната македонска жена, е дело на Александар Ношпал.

Откако Слободен Печат ја посочија сличноста меѓу двете модни парчиња, Каролина на социјалните мрежи напиша:

Мој Ноки тогаш ме „убеди“ дека баш вака треба да се појавам на Евровизија, но секако, не ни претпоставувавме дека и толку години подоцна, ќе се памети овој изглед инспириран од боите на Македонија, кој ја симболизираше силната македонска жена.

Во оваа тоалета, Каролина ја отпеа песната „Од нас зависи“.

Фустанот на Хејли бил инспириран од колекцијата висока мода на Ив Сен Лоран од 1969 година. 

Tags
Хејли Бибер
Каролина Гочева

Најнови

  • „Во сите интервенции сум бил храбар, оваа ми е најважната“: Пожарникар од Скопје ја запроси саканата на Денот на пожарникарите

    Wed, 05/20/2026 - 14:14
  • Nera кафе

    NERA CAFFÈ, секогаш во чекор со тебе

    Wed, 05/20/2026 - 13:35
  • Eucerin

    Што навистина помага против акни. Што препорачуваат дерматолозите?

    Wed, 05/20/2026 - 13:07
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.