• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Халкбанк е нов официјален спонзор на Ракометната Федерација на Македонија

24 октомври 2018, 12:57
  • cподели

Денес, во присуство на медиумите, спортските новинари и претставници на Ракометната Федерација на Македонија, во просториите на Бизнис-центарот на Халкбанк, и официјално беше потпишан договорот за годишно спонзорство помеѓу Халкбанк и РФМ.

На претстојниот утрешен квалификациски натпревар помеѓу репрезентацијата на Македонија и Турција за Европското првенство во 2020 година, ракометарите на Македонската репрезентација за прв пат ќе носат дресови со логото на Халкбанк.

Имено, логото на Халкбанк ќе се користи на сите дресови што се користат во натпреварувањата на сениорската машка, сениорската женска и националните репрезентации во млади категории во машка и женска конкуренција (младински, кадети и пионери).

Халкбанк и РФМ

Тргнувајќи од својата определба да биде „банка на луѓето“, каде што оддава признание дека секој еден е еднакво важен, градејќи и негувајќи уникатна, нераскинлива врска со сите свои корисници, Халкбанк одлучи да ги поддржи македонските машки и женски ракометни репрезентации во нивните понатамошни успешни спортски походи, сè до крајот на 2019 година.

„Ние како банка отсекогаш сме го препознавале и сме го наградувале успехот што се темели на посветеност, натпреварувачки дух и тимска работа. Особено сега, кога е актуелна нашата корпоративна кампања ’Важни се луѓето‘, сметаме дека е исклучително важно да ја покажеме нашата поддршка и кон македонскиот ракомет, но можеби и најклучната гранка на националниот спорт, и заедно со сите македонски граѓани и верните навивачи да им дадеме дополнителен мотив на ракометарите да продолжат со победи“, изјави д-р Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк.

Халкбанк и РФМ

„Навистина ме радува фактот што Халкбанк искрено ги препознава вистинските вредности во сите сегменти на нашето живеење, а, секако, не исклучувајќи го тука и македонскиот ракомет. Од името на целата Федерација сакам да ја изразам нашата благодарност за оваа поддршка, бидејќи токму ваквите партнерства ни даваат шанса да покажеме пред светот дека навистина имаме квалитетен ракомет и вистински велемајстори“, изјави Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, г. Живко Мукаетов.

Халкбанк и РФМ

На прес-конференцијата беа присутни селекторот на Машката ракометна репрезентација на Македонија Раул Гонсалес, како и капитенот на Македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров, кои исто така ја истакнаа својата благодарност кон Халкбанк, како најнов поддржувач на Македонската ракометна репрезентација и, истовремено, посочија дека се надеваат на долга и успешна соработка што несомнено ќе придонесе за многу нови победи.

Тие, истовремено, ја најавија и новата серија претстојни натпревари, почнувајќи со квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 помеѓу репрезентациите на Македонија и Турција.

Халкбанк и РФМ Халкбанк и РФМ Халкбанк и РФМ

Инаку, поддршката на Халкбанк на Ракометната Федерација на Македонија се случува токму во екот на настапите на машката ракометна репрезентација, а првиот квалификацискиот меч со Турција ќе се одигра утре во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток од 20:15 часот. Веднаш по мечот со Турција, следува гостувањето во Грција на 28 октомври, каде што македонските ракометари повторно ќе го носат дресот закитен со логото на Халкбанк.

Халкбанк и РФМ Халкбанк и РФМ
Tags
Халкбанк
РФМ

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.