• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Хали Бери обвинета дека физички го нападнала и давела 12-годишниот син, привремено го изгуби старателството

2 октомври 2026, 09:31
  • cподели

Хали Бери се најде во центарот на сериозна семејна и судска драма, откако нејзиниот поранешен сопруг Оливие Мартинез ја обвини дека физички го нападнала и давела нивниот 12-годишен син Масео. Судот во Лос Анџелес во меѓувреме издаде привремена мерка со која се ограничени нејзините контакти со синот.

Вчера, Мартинез поднел барање за привремена забрана во кое тврди дека Бери го нападнала Масео на 26 септември. Според неговите наводи, актерката скокнала врз синот, го фатила за врат и го давела, додека му викала: „Кој е сега доминантен?!“.

Хали Бери на одмор со децата Хали Бери на одмор со децата

Мартинез во судските документи тврди дека инцидентот не бил изолиран и дека во изминатиот период имало и други физички конфликти меѓу Бери и нивниот син. Тој наведува дека таа во минатото го фаќала за врат.

Во барањето, Мартинез побарал и целосно старателство над Масео, како и ограничувања на неговите контакти со Бери.

Засега, на Бери привремено ѝ е ограничено времето со синот на понеделник и вторник од 10 до 20 часот, како и сабота и недела во истиот период. Мерката е во сила до сослушувањето закажано за 16 октомври, кога ќе се разгледува понатамошното уредување на старателството и посетите.

Според информациите објавени во медиумите, привремената мерка предвидува и Бери не се доближува повеќе од 100 јарди од Мартинез.

Адвокатката на Бери остро ги отфрли обвинувањата. Таа изјави дека поднесокот на Мартинез е „целосно неоснован и намерно погрешно претставен“, додавајќи дека актерката е „длабоко потресена“, но дека ќе продолжи да се бори за најдобриот интерес на синот.

Од друга страна, адвокатот на Мартинез изјавил дека негова главна грижа се здравјето, благосостојбата и безбедноста на Масео.

Хали Бери и Оливие Мартинез се венчаа во 2013 година, истата година кога го добија синот Масео, а се разделија во 2016 година. Нивниот развод беше финализиран во 2023 година, кога беше договорено заедничко правно старателство.

Хали и Оливие

Tags
Хали Бери
Оливие Мартинез

Најнови

  • Лазаров со нови фотографии со бебенцето: „Присуствував на породувањето на Марта, по милионити пат се заљубив во неа“

    Fri, 10/02/2026 - 09:40
  • Хали Бери обвинета дека физички го нападнала и давела 12-годишниот син, привремено го изгуби старателството

    Fri, 10/02/2026 - 09:31
  • Каролина Гочева

    Насмевки со Инес, мигови со мама и љубов со Михаил: Каролина Гочева низ фотографии го сумира убавиот септември

    Fri, 10/02/2026 - 09:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.