Халанд си ја скрати препознатливата долга коса, Ибрахимовиќ му рече дека е луд и да не го бара повеќе
Ерлинг Халанд ги изненади фановите со неочекувана промена на имиџот. Популарниот норвешки фудбалер си ја скрати долгата коса, а видео од моментот објави на Instagram.
Напаѓачот на Манчестер Сити со години беше препознатлив токму по долгата руса коса, која му стана заштитен знак. Затоа новата фризура привлече големо внимание на социјалните мрежи, а фановите веднаш започнаа да коментираат дали Халанд повеќе им се допаѓа со долга или со кратка коса.
Меѓу оние кои реагираа на промената беше и легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ. Тој со препознатливиот хумор му порача на Халанд дека е луд и да не го бара повеќе.
„Што ли направи? О Боже. Изгуби облог или што? Блокирај ме и избриши го мојот број пријателе. Дури и жена ми вели дека си луд. Ќе бидам искрен со тебе, секогаш сум искрен: 'Ќе бидеш побрз сега или што?“'– му рече Ибрахимовиќ.
„Се надевам“ – одговори Халанд.
Еве како реагираше и неговата девојка на драстичната промена:
ВИДЕО:
Што мислите вие? Повеќе ви се допаѓа Халанд со долга или со кратка коса?