Синоќа во Киев, Украина, се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија 2017. Во Меѓународниот изложбен центар одекнуваа песните на 26 изведувачи, но само 10 од нив си обезбедија свое место во големото финале.
Земјите кои добија шанса за победа на музичкиот натпревар се: Грција, Австралија, Молдавија, Азербејџан, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Кипар и Белгија.
Погледнете ги нивните настапи на синоќешното шоу: