• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Гравче тавче, шопска и бурек: Американка со само 20 долари јадеше и пиеше цел ден во Скопје

28 мај 2026, 13:41
  • cподели

Дали некогаш сте се нашле во туѓа земја, далеку од дома, со чувство на паника бидејќи буџетот ви е при крај? Токму во таква фиктивна ситуација се стави туристката Тифани Чен од Лос Анџелес. 

Покажувајќи само 20 долари (околу 1.060 денари), Тифани си постави вистински предизвик: Дали со оваа сума може да се преживее и, уште поважно, да се ужива во главниот град на Македонија цел ден?

„Во голема неволја сум. Ми снемуваат пари во Македонија. Ми останаа уште само 20 долари – дали тоа е доволно за да јадам цел ден?“ - сподели таа со своите следбеници на социјалните мрежи, започнувајќи ја гастрономската авантура.

Тифани дозволила љубопитноста да ја води. Патот ја однел директно во срцето на Старата скопска чаршија, местото каде што времето како да застанало, а мирисите на традиционалната кујна веднаш ве гушкаат како добредојде. Помеѓу калдрмата, автентичниот дух и чадот од ќебапчилниците, таа открила дека Скопје има душа која не се мери со пари.

Она што започнало како „проблем со буџетот“, се претворило во најубавиот предизвик за сите нејзини сетила. Американката на своја кожа ја почувствувала онаа наша, балканска гостопримливост, каде за малку пари добивате полна трпеза, но и искрена насмевка од луѓето кои со гордост ти го послужуваат најдоброто од македонската кујна.

Бурек со лимонада, ќебапи и гулаш, тавче гравче и шопска... еве што сè проба Тифани и што најмногу ја одушеви:

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tiffany Chen (@tiffanytchen)

Tags
Гравче тавче
шопска и бурек: Американка со само 20 долари јадеше и пиеше цел ден во Скопје

Најнови

  • Јован Јованов и Тони Зен

    18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

    Mon, 10/26/2026 - 11:14
  • Од венчавка на избори: Младенци од Србија отидоа да гласаат на денот на свадбата, добија аплауз и предност во редицата

    Mon, 10/26/2026 - 10:30
  • Мајли Сајрус ѝ ја избричи главата на обожавателка која се бори со рак на дојка: „Ќе ја пребродиш бурата“

    Mon, 10/26/2026 - 09:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.