• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Граѓаните и трговците бараат укинување на забраната за продажба на пиво по 19 часот

1 јули 2017, 15:06
  • cподели

Деновиве на интернет е покрената петиција со која се бара од Собранието да ја укине забраната за продажба на пиво во трговијата по 19 часот во зима, односно 21 часот во летните месеци. Само неколку часа по објавувањето на повикот, петицијата ја потпишаа над 2400 граѓани, што е показател за непопуларноста на оваа мерка што ја донесе минатата влада во јули 2008 година. Кон барањето за укинување на забраната се приклучија и членките на Здружението за трговија при Стопанската комора на Македонија.

Пиво

Главниот мотив на претходната Влада за воведување на забраната беше намалувањето на консумацијата на алкохол, особено кај младите. Критичарите пак, тврдеа дека со ваква ограничена „прохибиција“ не може да се постигне тоа, туку со засилена контрола на почитувањето на законската забрана за продажба и точење алкохол на лица помлади од 18 години. Главниот аргумент за воведување на забраната беше побиен и со фактот дека и без оваа мерка, Македонија има далеку најниска стапка на консумација на алкохол по глава жител во овој дел од светот. На пример, просечната консумација на пиво во Македонија се движи под 30 литри по жител годишно, додека во Србија таа количина е околу 65 литри, а во Хрватска и Бугарија изнесува над 75 литри. Според овој параметар, ние сме многу далеку од Германија каде годишно се пие по околу 120 литри пиво и рекордерот Чешка каде се консумират близу 160 литри пиво по жител годишно. Во ниедна од овие земји не постојат мерки кои ја ограничуваат продажбата на пиво.

И покрај ваквите показатели, владата не застана на оваа мерка. Заедно со неа беа воведени исклучително скапи лиценци, со ограничена важност од две години, за трговските објекти кои сакаа и понатаму да продаваат алкохолни пијалаци. Овие лиценци, заедно со забраната за продажба по 19 часот, серизоно го намали мотивот на близу 13.000 мали трговски објекти ширум земјата да продаваат алкохолни пијалаци, поради големото финансиско оптоварување што им беше наметнато.

Познавачите на оваа проблематика се децидни дека девет години по воведувањето на овие рестриктивни мерки во трговијата со алкохолни пијалаци во земјата, наместо да ги направат понедостапни алкохолните пијалаци, особено за младината, направија луѓето да го заменат пивото и виното со ефтина ракија со сомнителен квалитет, произведена „на црно“ и достапна по зелените пазари и буквално на улица.

Редно е институциите сериозно да ги преиспитат погрешните мерки во овој домен и со тоа да придонесат кон ублажување на штетите предизвикани од нив врз домашната индустрија за пијалаци, како и на трговските објекти. Со укинување на рестриктивните мерки ќе се постигне двоен ефект – ќе се намали неконтролираната трговија со алкохол „на црно“ и ќе се намалат евидентите финансиски штети врз индустријата за пијалаци и трговијата, а со тоа и на државниот буџет кој меѓудругото се полни и од акцизите и даноците на овој вид производи.

Tags
пиво

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.