Градоначалникот на Бања Лука ги забранува настапите на Десингерица откако тој избричи момче на негов концерт
Драшко Станивуковиќ го крена својот глас во заштита на младите луѓе во Република Српска.
Градоначалникот на Бања Лука објави дека ќе му забрани на раперот Десингерица и на сличните изведувачи како него да настапуваат во неговиот град. Неговото однесување тој го нарече вулгарно, примитивно и насилничко кон децата и младите.
Драшко предлага драконски казни од 50 до 100 илјади конвертибилни марки за организаторите и изведувачите кои нема да ја почитуваат одлуката.
„Драконски казни, бидејќи за вакво и слично однесување нема место во нашата земја, меѓу нашите деца“ – напиша тој во описот на видеото споделено на социјалните мрежи.
„Во нашата Бања Лука нема место за такви изведувачи и пејачи, ако се тоа. Жал ми е што сите други на Балканот не го следат ваквиот пример.“
„Кога на ова ќе ги забраниме и реалити програмите на Република Српска, ќе ги укинеме коцкарниците и кладилниците во близина на школите каде што се нашите деца, кога ќе ги ограничиме социјалните мрежи за нашите деца да можат да ги користат дури кога ќе наполнат 15 години, вакви појави, вакви луѓе, вакви Десингеици и останати, повеќе нема да постојат“ – вели тој во видеото.
Оваа одлука Драшко ја сподели откако српскиот рапер избричи момче од публиката на негов концерт, им плукаше во уста на девојките, јадеше печено прасе над главите на публиката и удираше фанови со патика по глава.
ФОТО: Instagram / Драшко Станивуковић