• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Гордана Силјановска-Давкова на погребот на папата, имаше кратка средба и со Меланија Трамп

29 април 2025, 12:12
  • cподели

Гордана Силјаноска-Давкова беше единствена функционерка од нашата држава која присуствуваше на погребната миса посветена на папата Франциск.

Македонската претседателка сподели албум со фотографии направени пред и во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, Италија. На една од нив, таа се ракува со првата дама на САД, Меланија Трамп. Двете дами беа облечени во црно, а Меланија носеше и превез на главата.

Гордана Силјановска-Давкова Гордана Силјановска-Давкова Гордана Силјановска-Давкова

На Facebook, Претседателката напиша:

Голема чест ми беше да учествувам во церемонијата на оддавање немерлива почит и во испраќањето на папата Франциск во вечниот дом. Неспорно е дека овој скромен човечки џин го обележа векот, храбро чекорејќи по патиштата на милоста, добрината и човечноста.

Си замина со љубов и солзи во базиликата Санта Марија Маџоре, откако го собра и обедини целиот свет, сиот народ, сите верници и верски великодостоинственици, државници, носители на највисоки функции.

Неговите дела совршено соодветствуваа на неговите зборови и ставови.

Папата Франциск го вложи сиот свој духовен капацитет и морален интегритет

во решавањето на проблемите на обичните луѓе, но и глобалните проблеми и уживаше огромна почит од сите категории луѓе, од најсиромашните, до најбогатите и најмоќните.

За време на неговата историска посета на Скопје, папата Франциск нè охрабри нас, македонските граѓани да опстоиме на својот посебен историски, национален и културен пат, неразделен од европскиот, изразувајќи ни разбирање, симпатија и поддршка.

Гордана Силјановска-Давкова Гордана Силјановска-Давкова

Папата Франциск почина на 21 април, а последното појавување пред јавноста го имаше еден ден претходно, на Велигден.

Најнови

  • Монтре, Женева, Гештад... Елена Најдоски од „Живот со стил“ со сопругот ужива во Швајцарија

    Sun, 01/11/2026 - 23:00
  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.