• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Големо отворање на реконструираните живеалишта во Зоолошката градина во Битола

4 декември 2014, 07:01
  • cподели

Големо отворање на реконструираните живеалишта во Зоолошката градина во Битола ќе се одржи на 6 декември (сабота) 2014 година, со почеток во 11:00 часот, во Зоолошката градина Битола.

Зоолошката градина во Битола

На промотивниот настан ќе бидат промовирани живеалишта за мечка, рис, лав, тигар, лисица, ракун, мајмуни, како и фарма за домашни животни и 2-та комплементари објекти – влезот и билетарата во Зоолошката градина Битола. Реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошката градина Битола се одвиваше во рамките на проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – ЗОО иноватива“, финансиски поддржан од страна на делегацијата на Европската Унија и Министерството за локална самоуправа, во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Фарма за домашни животниФарма за домашни животни Живеалиште за лав и тигарЖивеалиште за лав и тигар Живеалиште за мајмуниЖивеалиште за мајмуни Живеалиште за мечкаЖивеалиште за мечка Живеалиште за рисЖивеалиште за рис

Во официјалниот дел на промотивниот настан поздравни обраќања ќе имаат: д-р Ѓорге Иванов (претседател на Р. Македонија), г. Робин Лидл (Министер Советник – Делегација на Европската Унија), заменик министерот за локална самоуправа г. Љупчо Пренџов, градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески и директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот регион г-ѓа Емилиа Ѓероска.

Во музичкиот дел од промотивниот настан ќе учествуваат музичките ѕвезди Ламбе Алабаковски со детскиот хор Ѕвончиња, Паркети, Бојан Стојков, детските ѕвезди од музичкиот фестивал Тра-ла-ла и детската транцова група Степ Ап. Промотивниот настан ќе биде збогатен со анимациски содржини наменети за најмладата популација, а ќе бидат доделени и голем број на промотивни материјали за сите посетители на настанот.

Центарот за развој на Пелагонискиот регион го реализира овој проект во партнерство со општина Битола и Зоолошката Градина во Битола, како и со општината Лерин и Регионалната развојна Агенција од Лерин, Република Грција.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.