• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда

14 август 2026, 12:41
  • cподели
Наградна игра на Diamond Mall

Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра, за своите лојални купувачи. Главната награда на годинешната наградна игра, која се организира по повод третиот роденден на Diamond Mall, е автомобилот Geely Cityray, а богатиот награден фонд го дополнуваат и ваучери за шопинг. Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 21 октомври, во рамки на главната роденденска прослава.

Наградната игра започнува на 14 август во 10.00 часот и ќе трае сѐ до 21 октомври до 20.00 часот. Право на учество имаат сите посетители, жители на земјава, кои во овој период ќе купат производи од над 1.000 денари. За секоја приложена сметка над оваа вредност од кој било продажен објект во Diamond Mall, купувачите добиваат купон за учество во наградната игра, кој можат да го подигнат на информативниот пулт. Доколку вредноста на сметката е над 2.000 денари, купувачот добива два купони. Купувачите кои ќе приложат повеќе сметки со збирна вредност од над 1.000 денари, исто така ќе можат да добијат купон за учество во наградната игра.

Покрај автомобилот Geely Cityray како главна награда, посетителите ќе имаат можност да освојат и ваучери за шопинг во Diamond Mall. Предвидени се два ваучери во вредност од по 50.000 денари, четири ваучери од по 25.000 денари, осум ваучери од по 10.000 денари, како и десет ваучери од по 5.000 денари.

Оваа година Diamond Mall воведува и дополнителна бенефиција во партнерство со Халк Банка. Купувачите кои ќе извршат трансакција над 1.000 денари со платежните картички од Халк Банка ќе добијат два купони, додека за трансакција над 2.000 денари ќе добијат четири купони. 

„Третиот роденден за нас е уште една можност да им се заблагодариме на нашите купувачи и да им возвратиме за довербата што ни ја даваат во изминатите три години. Наградната игра е дел од роденденската програма, но и начин нашата прослава да ја споделиме со оние кои се дел од приказната на Diamond Mall. Оваа година особено ни е важно роденденската програма да има и поширока вредност за заедницата. Веруваме дека најубавите прослави се оние што создаваат убави моменти, но оставаат и нешто вредно зад себе“, изјави директорката на Diamond Mall, Селин Анил Октај.

Својот трет роденден Diamond Mall го одбележува со поширока програма, преку која трговскиот центар, покрај забавниот дел, реализира и иницијативи насочени кон создавање дополнителна вредност за заедницата. Една од нив е платформата „Diamond Mall – Центар за економско зајакнување на жените“, во рамки на која се реализира програма за едукација и менторство наменета пред сè за жени од ранливите категории.

Најнови

  • Наградна игра на Diamond Mall

    Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда

    Fri, 08/14/2026 - 12:41
  • „Саваш Балдар“ од турската серија „Љубов и казна“ го очекува второто дете, сними фотосесија со бремената сопруга

    Fri, 08/14/2026 - 12:23
  • Стефанија Гаштарска

    Спој на балетот и фолклорот: Стефанија Гаштарска грациозна во спотот за IDO European Championship 2026

    Fri, 08/14/2026 - 11:57
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.