• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Голем успех на кампањата „Драма во такси“

7 јули 2014, 11:06
  • cподели

Тимот на агенцијата „McCann Beograd“ ја осмисли и реализира кампањата „Драма во такси“ за Југословенскиот народен театар (Jugoslovensko narodno pozoriste). Трите спота од кампањата во коишто учествуваат актерите од овој театар само во првите 24 часа имаат забележано повеќе од 200.000 прегледи на YouTube.

Тројцата актери Небојша Љубишиќ, Слободан Тешиќ и Стефан Бундало на еден ден се најдоа во необични улоги – возејќи такси на улиците на Белград, изведуваа свои интерпретации на познатите драмски дела. Оваа интерактивна и модерна кампања на различен и поприфатлив начин го доближи репертоарот на театарот кон потенцијалната публика.

Драма во такси

„Промовирањето на уметноста е доста комплексна и осетлива работа во која најбитно е да се знае мерката”, изјави Тамара Вучковиќ Манојловиќ, в.д. директор на Југословенскиот народен театар додавајќи притоа: „Нашата цел беше да ја најавиме новата театарска сезона и уште повеќе да го зголемиме интересот за нашите претстави. Особено ни е драго што кампањата има предизвикано голем интерес.”

Реакциите на патниците додека ги слушаат приказните од претставите ги забележаа скриените камери поставени во автомобилите. Деловите од театарските дела се сместени во реалниот живот и ги доловуваат највозбудливите, најшокантните и најемотивните моменти во времетраење од само две минути.

„За креативците во адвертајзинг агенциите една од најголемите сатисфакции е кога нешто што ќе го осмислат ќе стане дел од поп-културата и секојдневниот говор на луѓето. Не помина ниту еден ден откако нашите вирали за ЈДП се појавија на Интернет, а луѓето веќе почнаа да ги цитираат репликите од таксито како "Desa, sunce tatino", "Nemoj da te tata zgazi kolima“ или "A baba samo gomila šuške”“, истакна Владимир Ќосиќ, креативен директор во “McCann Beograd” и додаде: „На поразличен начин успеавме да ги доближиме претставите на ЈДП кон пошироката публика и да докажеме дека таканаречената “сериозна” уметност може да биде забавна, возбудлива и интересна. Се надеваме дека нашата кампања ќе привлече голем интерес на почеток на новата сезона на ЈДП.”

Tags
драма во такси

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.