• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Голем рок концерт во Битола со НУ Камерен Оркестар

25 април 2024, 16:13
  • cподели

На 28.04.2024, спортската сала Боро Чурлевски во Битола ќе ечи во звуците на најдобрите македонски рок хитови. За првпат по речиси една деценија, спортската сала Боро Чурлевски во Битола ќе биде домаќин на голем рок концерт организиран од најдобриот битолски бренд НУ Камерен Оркестар на Битола.

Македонска Рок Симфонија е настан на кој присутните ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите македонски рок хитови од Архангел, Леб и Сол, Ареа, Лева Патика во изведба на НУ Камерен Оркестар на Битола и Дани Димитровска, Ружица (Ареа), Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет.

Македонска Рок Симфонија

„Спортската сала Боро Чурлевски во минатото била домаќин на голем број концерти. Пред неколку години, салата беше комплетно реновирана, што повторно ја прави атрактивна за концерти. Поради тоа, НУ Камерен оркестар на Битола, со поддршка од општина Битола, одлучивме да организираме концерт во спортската сала. Изборот на темата на концертот не е воопшто случаен, сакавме спортската сала да ечи во звуците на нашите најдобри македонски рок хитови. Изјавуваме огромна благодарност до Министерство за култура, и општина Битола за нивната поддршка и за давањето на овој простор на располагање за концертот. Се надеваме дека присутните ќе уживаат во звуците на македонскиот рок и дека овој концерт ќе го означи почетокот за многу други концерти во спортската сала Боро Чурлевски“, изјави директорот на Камерниот оркестар, Владимир Димовски.

Билетите за концертот Македонска Рок Симфонија се пуштени во продажба од 22.04.2024, по цена од 400 денари во Тобако Димпо, Битола, локации: Ленски мост, Грозд, Нов пазар, секој ден од 09 до 23 часот, а резервации, може да се направат на +38975542555.

За повеќе информации, следете ги профилите на НУ Камерен Оркестар на Битола на Facebook и Instagram.

Најнови

  • Бруно Марс

    Бруно Марс се жени во спотот за романтичната балада „Risk It All“

    Wed, 03/04/2026 - 16:46
  • „Горе конечно си дете. Таму мама ќе те бакнува, без солзи, без страв, без темнина…“: Трогателна песна за малата Катја и Ивана

    Wed, 03/04/2026 - 14:17
  • Vape

    Различни пристапи во борбата против пушењето: додека други охрабруваат алтернативи, кај нас се воведуваат забрани

    Wed, 03/04/2026 - 13:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.