• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Голем јубилеј со големо име за отворањето: 40-тото издание на „Браќа Манаки” го отвора „Болка и слава” на Алмодовар

12 септември 2019, 13:40
  • cподели

Престижниот филмски фестивал „Браќа Манаки” оваа година се одржува по јубилеен 40-ти пат, а ќе го отвори новиот филм на култниот шпанскиот режисер Педро Алмодовар, кој својата премиера ја имаше на годинешното издание на Канскиот филмски фестивал. И оваа година, како и изминатите, Халкбанк со големо задоволство го поддржува фестивалот „Браќа Манаки”.

„Халкбанк со особена чест и задоволство го помага одржувањето на најпознатиот и воедно најпрестижниот филмски фестивал во нашата земја. Низ годините на овој фестивал се појавиле големи имиња од светската кинематографија и секако оваа година нема да биде исклучок. Горди сме што сме дел од истиот и понатаму ќе се трудиме да бидеме поддржувачи на развојот на културата и културните настани во земјава” - велат од Халкбанк.

Халкбанк и Манаки

Организаторите објавија дека веќе е готова селекцијата на филмови кои ќе се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300 и додадоа дека во годинешната селекција се вклучени повеќе филмови со експлозивна визуелна динамика што ги одразува и надградува идеите на сценаристите и режисерите. Познат е и составот на стручното жири, Едвард Лакман од Соединетите Американски Држави, претседател, Ненад Дукиќ од Србија, Доминик Велински од Франција, Калојан Божилов од Бугарија и Фејми Даут од Македонија.

Отворањето на 40-тото издание на фестивалот „Браќа Манаки” е закажано на 14-ти септември, традиционално во Битола.

Комерцијален текст

Tags
Браќа Манаки
Халкбанк

Најнови

  • Ивана Стојановска

    „Сакам да бидам автентична, свесна и без потреба од извинување“: Поранешната мисица Ивана од Струга за модата, креативноста и образованието

    Fri, 01/09/2026 - 13:10
  • Принцезата Кетрин на 44-тиот роденден порача дека е благодарна и откри што значи да е жива по борбата со ракот

    Fri, 01/09/2026 - 12:08
  • Зимска радост во Унгарија: Поларни мечиња за првпат гледаат вистински снег и бескрајно му се радуваат

    Fri, 01/09/2026 - 11:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.