• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ѓоковиќ во првиот ред на претстава кај Милош Биковиќ: „Секоја средба со тебе збогатува и инспирира“

13 август 2026, 22:38
  • cподели

Новак Ѓоковиќ беше специјален гостин на претставата „Prljave ruke“ во Тиват и се сретна со актерот Милош Биковиќ.

Српскиот тенисер заедно со сопругата Јелена ја проследија театарската изведба во Центарот за култура, создадена според делото на Жан Пол Сартр, а во режија на Југ Радивојевиќ.

„Мислам дека претставата беше фантастична, а глумците генијални. Јас сето тоа го набљудував од спортска перспектива, низ концентрација, присутност, интеракција со публиката... Многу го сакам театарот, навистина уживавме“ – изјави Ноле по завршувањето на настанот.

Меѓу актерите кои добија стоечки овации и неколкуминутен громогласен аплауз, беше и Милош, кој на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со Ѓоковиќ и напиша:

„Твојата скромност сведочи за величината, а твојата едноставност за мудроста. Секоја средба со тебе збогатува и инспирира.“

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SERBIAN TIMES & Serbian News (@serbian.times)

Благодарност за посетата пред заминувањето во САД, испрати и директорот на центарот за култура, Горан Божовиќ, кој седеше во првите редови до популарниот спортист.

„Синоќа по повод играњето на претставата ‘Prljave ruke’, имавме чест да го угостиме најдобриот спортист на сите времиња Новак Ѓоковиќ“- напиша тој и објави албум со фотографии од вечерта.

Tags
Новак Ѓоковиќ
Милош Биковиќ

Најнови

  • Ѓоковиќ во првиот ред на претстава кај Милош Биковиќ: „Секоја средба со тебе збогатува и инспирира“

    Thu, 08/13/2026 - 22:38
  • Персеиди

    100 метеори на час: Неверојатниот спектакл на Персеидите низ Македонија и светот

    Thu, 08/13/2026 - 21:39
  • „Ликот на човек по 24 часа дежурство, 7 породувања и 44 прегледи“: Д-р Вангелов со моќна објава за лекарите

    Thu, 08/13/2026 - 14:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.