• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Го шета кучето врзано за себе додека бебенцето ѝ е во кенгур: Жизел Бундшен предизвика лавина од коментари

11 јуни 2025, 12:51
  • cподели

Жизел Бундшен деновиве ги размрда прстите на интернет корисниците.

44-годишниот модел беше на прошетка со бебенцето и кучето, а папараци фотографиите станаа хит. Причината беше тоа што Жизел го имаше врзано кучето околу себе додека во кенгур го носеше бебенцето кое го роди во февруари.

Жизел Бундшен Жизел Бундшен Жизел Бундшен

Ваквото појавување на Бундшен предизвика спротивставени коментари.

Многумина побрзаа да ја искритикуваат дека тоа е многу опасен потег, бидејќи кучето можело да ја повлече доколку пред него се појави друго куче или животно. Други пак напишаа дека станува збор за тренирано куче за безбедност кое ги следи наредбите на сопственикот и не реагира на други животни.

„Ова е професионално тренирано куче, не реагира на верверици“, „Тренирано куче не го влече сопственикот по улица“, „Ова е фокусирано куче за заштита. Нема шанси да брка верверици. Ве предизвикувам да му се приближите“...

„Вие луѓе сте луди. Кучињата можат да се преобразат за миг. Работам со кучиња, никогаш не можете да знаете. Идиотска работа е да врзете куче за половината“, „Не станува збор дали кучето е или не е тренирано. Работите можат за миг да се сменат. Може да се појави друго куче и да предизвика проблем“, „Зошто сите мора да одат со телефонот во рака?“ – се само дел од коментарите.

Жизел Бундшен Жизел Бундшен

Жизел го роди третото дете на 44-годишна возраст. Ова е прво нејзино дете со партнерот Хоаким Валенте. Убавата Бразилка е мајка и на 12-годишната Вивиен и 15-годишниот Бенџамин од поранешниот брак со Том Брејди. Името на третото детенце сè уште не е откриено во јавноста.

Жизел Бундшен Жизел Бундшен Жизел Бундшен Жизел Бундшен

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.