• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Го сакавме секое од нив“: 80-годишни маж и жена имаат згрижено над 150 деца за 46 години

7 август 2024, 07:00
  • cподели

Маргарет и Роберт Исдејл поседуваат навистина големи срца полни со многу љубов.

80-годишните маж и жена од Линколншир, Англија, имаат згрижено над 150 деца во нивниот семеен дом и велат дека го сакале секое од нив.

Исдејл

Првото детенце го згрижиле во нивниот дом во 1978 година, а моментално, растат 10-месечно бебенце.

Кога била запрашана како сè уште може да се грижи за новороденчиња, Маргарет рекла: „Не знам. Едноставно уживаме и не можам да си замислам да не го правиме ова.“

Маргарет и Роберт се во брак 58 години и заедно имаат две биолошки деца. Тие неодамна добија награда од нивната општина за посветеноста и грижата за дечињата.

Исдејл

Мишел Шоумајден, вработена во центарот за социјална грижа во Линколншир, изјавила дека неверојатен е придонесот на Маргарет и Роберт кон згрижувачкиот систем.

„Нивната посветеност на згрижувачкиот систем низ овие 46 години беше апсолутно неверојатна. Разликата која тие ја направија во животите на децата е фантастична. Многу од тие деца се вратија кај нивните родни семејства или беа посвоени“ – рекла Мишел.

Исдејл

Добродушните партнери се имаат грижено и за многу дечиња со здравствени проблеми и потешкотии во развојот.

Таква е приказната за Ким, девојче со Даунов синдром и срцево заболување, кое тие го посвоија. Кога се родила Ким, докторите прогнозирале дека ќе живее само девет месеци, но со љубовта на Маргарет и Роберт, таа живееше 21 година.

Ким почина во 2005 година.

„Таа нè научи многу нешта. Беше прекрасна, имаше добра смисла за хумор и доаѓаше секаде со нас“ – рекла Маргарет за Ким.

Исдејл

Брачната двојка нема намера да се откаже од згрижувањето на дечиња кои имаат потреба од љубов и посветено семејство.

Исдејл

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.