Го обожаваше како мало дете, сега пеат заедно: „Понеделнички“ - нова песна на Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов
Дарко Гроздановски не ја крие радоста што неговата најнова песна ја напиша токму Игор Џамбазов, човекот кој му е идол уште од мали нозе.
Младиот пејач од Битола ја објави песната „Понеделнички“, а ја имаше и честа Џамбазов да биде дел од неа.
Во спотот, Дарко е вљубен во девојка (Моника Црнокрак) која работи во кафуле и секој понеделник ја посетува. Погледнете го видеозаписот:
Во неодамнешно интервју за „Никој да не знае“, Дарко изјави дека кога бил бесен како мал, го смирувал само гласот на Игор Џамбазов. Поради тоа, неговиот татко имал снимено касета со неколку емисии од „Супер Бинго“ и му ги пуштал секојпат кога не можеле да го смират.