• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Гласна во Брисел: Северина се заложи за правото на жените на достапен и безбеден абортус

3 септември 2025, 10:00
  • cподели

Северина го посети Брисел каде на Европската комисија ѝ предаде 1,2 милиони потписи, со цел сите жени кои живеат во земјите на Европската Унија да имаат право на бесплатен и безбеден прекин на бременоста.

Северина

Хрватската ѕвезда, заедно со словенечкиот институт „8 март“, гордо ја претстави Европската граѓанска иницијатива „Мој глас, мој избор“, а во своите објави на социјалните мрежи, објасни дека во Европската Унија повеќе од 20 милиони жени немаат пристап до абортус. На пример, жените на Малта можат да завршат во затвор ако ја прекинат бременоста, жените во Полска умираат во болници поради забраната на абортус, а во Хрватска абортусот не е достапен во многу болници и чини половина просечна плата.

Иницијативата за една година собра 1,2 милиони потписи, со што беше надмината европската граница од еден милион потписи, по која иницијативата мора да биде разгледана од институциите на Европската Унија, односно Европската комисија, а потоа и Европскиот парламент. Надлежните тела на Европската Унија по проверката потврдија дека е собран повеќе од доволен број потписи.

Северина
View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

Северина откри дека во Брисел нешто ја потсетило на мајка ѝ и дека сè што прави, го прави поради неа, но и не само поради неа, туку и за бројни други жени, девојки, девојчиња кои не можат да го кренат својот глас и немаат право на избор.

„Ми се јави мајка ми и ми рече: ‘Ќерко, честитки, малку се плашам за тебе, но сум горда што се мешаш во сè.’ Јас ѝ реков: ‘Мамо, учев од најдобрата, и салсата од домати долго се меша за добро да испадне.’ Наздравје!“ - напиша Северина.

Во објавата од Брисел, таа појасни:

„Факт е дека сите ние, вклучувајќи ја и претседателката на Европската комисија и претседателката на Европскиот парламент, денес сме граѓанки од втор ред.

Граѓанки на кои многу држави од Унијата не им го признаваат правото на самите себе, на сопствената одлука, на своето тело и на својот живот.

Наместо да градиме општества во кои жените живеат како што сакаат, ние градиме општества во кои женските тела и животи ги ставаме под контрола на државната сила, во име на традицијата. Но тоа не е наша традиција, тоа не е традиција на Унијата, ниту на Европејките. Нашата традиција е слободата и решени сме да ја продолжиме.

Во ова ќе успееме, ова ќе го оствариме, а изборот на господата од Европскиот парламент е само во тоа дали сакаат да бидат на вистинската или на погрешната страна на историјата. Дали ќе можат на жените да им погледнат во очи и себеси да се погледнат во огледало, или ќе останат запишани во историјата на Унијата како арогантни насилници, кои притоа се и неуспешни губитници.

Собравме 1,2 милиони потписи (од нив 65.963 во Хрватска), со цел на сите жени кои живеат во земјите на Европската Унија да им е обезбеден достапен, бесплатен и безбеден прекин на бременоста!“

Северина
View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

Северина

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.