• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Giving is the new black: dm ја спроведува иницијативата Giving Friday - 5% од прометот на 28 ноември ќе биде дониран во хуманитарната организација „Св. Спас“

24 ноември 2025, 17:11
  • cподели

На денот кога секаде низ светот се одбележува Black Friday, најголемиот дрогериски ланец во Европа dm drogerie markt одлучи и оваа година да ја спроведе иницијативата Giving Friday и да донира 5% од вкупниот дневен промет остварен во сите дрогерии на тој ден во добротворни цели.

Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, кои ќе бидат дистрибуирани  преку  хуманитарната организација „Св. Спас“. 
dm drogerie markt ги охрабрува купувачите да се подготват за незаборавна шопинг акција и на 28 ноември да придонесат кон хуманитарната активност организирана од компанијата.

Како општествено-одговорна компанија која е свесна за предизвиците на општеството во кое постои, dm drogerie markt традиционално ја спроведува оваа добротворна иницијатива под слоганот „Giving is the new black“. Активноста Giving Friday започна во 2019 година со донацијата за Клиничкиот Центар во Штип, а низ годините се претвори во една вистински хумана практика која помага да се соберат средства за егзистенција и основни прехранбени производи за граѓаните на кои им се навистина потребни. 

Од компанијата велат дека иницијативата  Giving Friday е само уште еден начин на кој ги потсетуваат  нивните купувачи, но и сите членови на заедницата, дека dm е тука за нив., а воедно и се надеваат дека иницијативата ќе допре што поголем број граѓани кои ќе ка осознаат убавината на дарувањето. 

Black Friday се одбележува во последниот петок од месецот, 28 ноември, и го означува почетокот на предновогодишната шопинг сезона. А dm drogerie markt сака токму овој ден да го направи асоцијација на солидарноста и на поддршката. Затоа наместо симболични попусти, компанијата седма година по ред  година организира реална и конкретна активност со една цел – да ја подигне свеста за луѓето од социјално загрозените категории и да ги поддржи преку донација.

 

Tags
dm drogerie markt

Најнови

  • Giving is the new black: dm ја спроведува иницијативата Giving Friday - 5% од прометот на 28 ноември ќе биде дониран во хуманитарната организација „Св. Спас“

    Mon, 11/24/2025 - 17:11
  • СептаНазал

    СептаНазал – брзо го одзатнува носот и ја штити носната слузница

    Mon, 11/24/2025 - 16:58
  • Ја бакнува сопругата, се забавува со близнаците... Ненад Ѓорѓиевски на семејно патување во Барселона

    Mon, 11/24/2025 - 14:08
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.