• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Гест за почит! Скопјанец пронашол чанта со пари и документи пред Рамстор и му ја однел дома на сопственикот

16 јуни 2020, 12:20
  • cподели

Илјадници аплаузи и пофалби се слеаја кон Насер Харуни за негов добар гест. Имено, тој пронашол чанта со пари и документи и без двоумење, веднаш се упатил на адресата на сопственикот за да му ги врати.

На Facebook, Насер раскажа како му ја вратил изгубената чанта на Ѓокица Стојановски и порача дека луѓето треба да се делат само на добри и лоши:

Насер

„Бев во Рамстор, само што излегов до паркингот пред мојата кола најдов една чанта, од љубопитноста ја отворив чантата гледам во неа имаше новчаник со документација, лична карта, возачка дозвола, банкарска картичка, и едно плико каде имаше 675 евра и 9.000 денари.

По лична карта видов дека адреса беше во Кисела Вода на ул. Вера Јоциќ. Без двоумење тргнав да го најдам сопственикот на чантата. Кога стигнав до адресата во Кисела Вода, сопственикот не беше дома, сигурно бил по потрага на изгубена чанта, зборев со комшиите, го повикаа на телефон и за 10 минути стигна заедно со своето семејство, жена, млади, деца.

Му реков дали си изгубил нешто? Да, да ми рече една чанта и не знаеше што да каже, од радост му течеа солзи радосници. Се викаше Ѓокица, младо момче, семеен човек, беше со едно мало детенце во количка. Ми рече: не можам да поверувам дури до дома си ми ја донел изгубената чанта. Ме праша од каде си и како се викаш, му вратив се викам Насер и од Чаир сум. Од радост викаше о господе, и ги извади 100 евра и ми рече овие ти се бакшиш од мене, му реков нема потреба, многу пати ме замоли, те молам, те молам, барем за кафе или ручек да јадете со семејството.

Со ова сакав да кажам, луѓето треба да се делат на добри и лоши, а со Ѓокица ќе се сретнеме повторно на некоја средба да пиеме по едно кафе, бидејќи и тој бил спортист ракометар.

Tags
добро дело

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.