• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Гест за почит: Перо Антиќ го испрати синот на Панчо од ДНК на полуматура

9 јуни 2026, 08:15
  • cподели

Перо Антиќ допре до илјадници срца со видео во кое го испраќа на полуматурата синот на прерано починатиот Владимир Блажев-Панчо. Со гест кој мами солзи и буди длабока почит, поранешниот кошаркар барем за миг исполни дел од празнината која ниту времето не може да ја избрише.

Во краткото видео, Антиќ ја држи вратата од својот автомобил отворена, за да влезе младиот Андреја пред да отиде да слави со врсниците.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Перо Антиќ и Андреја Блажев

„Среќна матура, лепотану“ – напиша тој во кратка порака.

Перо Антиќ и Андреја Блажев

Антиќ и Панчо долги години негуваа искрено пријателство и беа во комуникација во месеците по пожарот во „Пулс“ пред трагичната смрт на славниот музичар во октомври минатата година.

Панчо и Перо Антиќ

Пред две години, Панчо му честиташе роденден на Андреја со емотивна порака:

Пред точно 13 години, кога дечково дојде на овој свет, беше денот кога сфатив што значи безусловна љубов и одговорност.🥰

Ти ги посакувам сите убавини на светот
и здравје пред сè.❤️

Полека созреваш, па сакав да ти кажам некој совет кој ми лежи на душава, а мене никогаш немало кој да ми го каже. Сè што сакам е да си многу подобра верзија од мене. Биди човек кои ќе дели љубов и ќе ги сака луѓето.

Патот кој допрва треба да го одиш нема да е нималку лесен, но затоа биди храбар, крени ја главата горе, држи го цврсто гардот и издржувај ги сите удари кои животот ќе ти ги сервира.
Јас секогаш ќе бидам тука за тебе,
но запамти дека нема да сум вечно.😇

Нема да е лесно, но најбитно е никогаш да не се откажеш од своите соништа и да веруваш во себе. Да им веруваш на луѓето без оглед на тоа што многу пати ќе те повредуваат и разочаруваат.
Најбитно од сè е да останеш скромен, да бидеш чесен и секогаш да им помагаш и заштитуваш послабите од тебе и оние на кои им е потребна помош.
Биди ЛОЈАЛЕН, тоа е една од најубавите особини кој една личност може да ја има во својот карактер.🫡

Толку многу те сакам што ќе можеш да сфатиш само кога еден ден и самиот ќе станеш татко, а јас дедо, ако даде господ.😊
Среќна 13ка Андреја, дужиш торта.🎂🥳

ПС: Вежбај NBA на PlayStation дека уште те мачкам, дрво си!😎😬

 

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

Tags
Перо Антиќ

Најнови

  • Меган Маркл и принцот Хари со децата

    Игри на плажа, посета на домот на принцезата Дијана: Меган Маркл објави летни фотографии со принцот Хари и децата

    Fri, 07/24/2026 - 14:15
  • Од скромни почетоци до светски метрополи: Пајак ужива во Лондон откако сподели дека никогаш не бил на одмор во Грција

    Fri, 07/24/2026 - 13:40
  • 84 дена се бореше за живот на болница, сега слави дома 3 месеци: Сопругата на Христијан Трајаноски со преслатка фотосесија од ќеркичката

    Fri, 07/24/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.