„Генерациско дуо, добро вино, квалитетна берба 63-та“: Дарио Панковски позираше со врсникот Игор Џамбазов и се пошегува
Дарио Панковски и Игор Џамбазов се дел од македонските музичари кои настапуваат на караванот „Силно светнал ден“, организиран по повод 35-годишнината од независноста на Македонија.
63-годишните пејачи позираа заедно и Дарио се пошегува: „Генерациско дуо. Доообро старо вино, квалитетна берба 63-та“.
Во Куманово, Дарио ја испеа „Косоока“, која годинава одбележува 35 години од издавањето.