Фустанот е постар од неа, а ѝ стои како скроен по мерка: Зендаја во винтиџ креација од Армани
Зендаја недискутабилно е една од најдобро облечените холивудски дами.
29-годишната актерка моментално е на промотивна турнеја за „Spider-Man: Brand New Day“ и за секој настан одушевува во стајлинзи кои се одлично осмилени и инспирирани од самиот филм.
За премиерата во Рим, Зендаја прочепка во модните архиви на Џорџо Армани и извлече креација која беше дел од колекцијата пролет/лето 1990 година.
Интересен е фактот што оваа винтиџ креација е постара од самата актерка (родена во 1996 година), но на неа изгледаше како да е скроена токму за овој момент.
Она што ги воодушеви модните критичари и обожавателите е суптилната, но моќна симболика на фустанот. Креацијата со своите прецизни линии, монистра и текстура прави директна асоцијација на пајакова мрежа, што е совршено надоврзување на тематиката на филмот.
На филмскиот настан, Зендаја присуствуваше со сопругот Том Холанд, со кого заедно глумат во „Spider-man“.
Во Лондон, Зендаја мамеше погледи во уште една винтиџ креација, чиј заден дел формира пајакова мрежа.