Фотографиите од авантурите на блогерката Дела Фард ќе ви ја разбудат желбата за патувања
Авантурите на Дела Фард несомнено ќе ви ја разгорат желбата за патување во текот на претстојните летни денови.
Блогерката од Лондон има софистициран стил и обожава да патува, а моменти од нејзините доживувања се прикажани на впечатливите фотографии на Instagram профилот @delafard. Кога ги овековечува своите патувања, таа се стреми позадината на фотографиите да биде исто толку импресивна колку и нејзината облека.
Миконос, Маракеш, Кападокија, Бали, Истанбул, Париз, Капри... Прошетајте низ авантурите на Дела:
