Фотографии од роденденската забава на Џенифер Лопез, која блесна во креација од Зухаир Мурад
Џенифер Лопез го прослави својот 47. роденден во Лас Вегас. На фотографиите од втората забава, популарната пејачка во блескава креација се весели со своите гости.
Комбинезонот со висок шлиц и разголено деколте е дело на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад. Својот стилски избор, Лопез го надополни со обувки од Брајан Етвуд и накит Hermès.
Забавата на музичката ѕвезда се одржа во хотелот „Nobu“.
