Џенифер Лопез го прослави својот 47. роденден во Лас Вегас. За роденденската забава, атрактивната пејачка се појави во секси комбинезон кој ги истакнуваше нејзините облини.
Тесната креација е дело на модниот бренд Balmain.
Музичката ѕвезда славеше заедно со момчето Каспер Смарт, а меѓу славните гости беа и Ким Кардашијан, Калвин Харис и Кристијано Роналдо.
Само неколку часа пред забавата, Лопез одржа својот концерт во „градот на гревот“.
На втората прослава, Лопез носеше блескав комбинезон од Зухаир Мурад.
